Се запустил, се здебелил и остарел, но девојката со којашто е во врска мора да биде совршена: Ова се неговите критериуми!

Зошто жените толку го обожаваат?

Најбогатиот актер Леонардо Ди Каприо секогаш мора да има совршена девојка, а тој се запушта

Еден од најбогатите и најпосакуваните ергени, Леонардо Ди Каприо, ужива со новата девојка Виторина Керети, која има 24 години. И додека многумина чекаат актерот да ја остави девојката, со оглед на тоа што таа е на прагот од 25. година, обајцата никогаш не изгледале посреќни!

Познато е дека актерот ја остава секоја девојка кога ќе наполни 25 години, но овој пат се чини дека направил преседан. Кога на нејзината рака заблескал голем прстен, многумина помислиле дека Ди Каприо решил да ја запроси, но овие шпекулации не се потврдени.

Леонардо Ди Каприо прилично се запустил, а многумина коментираат дека годините си го направиле своето и дека веќе не може да го одржи имиџот на голем заводник.

За да му стане нешто повеќе од пријателка, секоја негова девојка морала да ги испочитува следниве, по малку бизарни правила:

1. Мора да има до 25 години

Врз основа на девојките со кои бил во врска, јасно може да се заклучи дека Леонардо сака помлади девојки од себе, и тоа прилично помлади. Доколку таа има повеќе од 25, не му е интересна. Единствениот делумен исклучок била врската со манекенката Жизел Бундшен, која е негова врсничка, од 2000 до 2005 година.

2. Само совршеното е доволно добро за него

Тој сака неговата партнерка да биде тип-топ средена во секој момент. Без разлика дали е дома, на плажа или на некоја прослава – таа мора да биде совршена. Исфенирана коса, долги нокти, добар стајлинг, сето тоа се подразбира.

3. Мора да биде духовита

Неговата избраничка, покрај тоа што треба да изгледа добро, мора да има и смисла за хумор, нагласил актерот во едно интервју.

4. Не смее да ја коментира нивната врска

Ниту една негова девојка не смеела да им открива детали за нивната врска на новинарите, ниту позитивни ниту негативни.

5. Не треба да сака деца

Ди Каприо не сака деца и секоја негова партнерка мора да биде подготвена на тоа.

„Дали мислите дека сакам дете во ваков свет? Ако се случи, ќе се случи. Но не би сакал…“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.