Се омажија најпознатите сијамски близначки: Нема да ви се верува со кого се во брак и како изгледа нивниот интимен живот!

Нивната животна приказна е неверојатна

Сијамската близначка Еби Хенсел се омажила, а светот се шокирал кога дознал како изгледа нејзиниот брачен живот

Сијамската близначка Еби Хенсел се омажила. Поранешната ријалити ѕвезда, 34-годишната Еби и нејзината сестра Британи станаа светски познати кога ја раскажаа својата приказна во јавност и на сите им покажаа како изгледа животот на споените близначки.

Еби се омажила за Џош Боулинг, војник за Соединетите Американски Држави, со кого е во врска од 2021 година.

Сестрите објавиле фотографија на Фејсбук на која носат венчаница, додека покрај нив стои Џош во костим и ги држи за раце.

Близначките се наставнички во петто одделение и предаваат во Минесота, каде што пораснале.

Џош објавил низа фотографии на Фејсбук на кои е со близначките, додека себеси се опишува како „христијанин, татко, сопруг, војник“.

Британи и Еби се сијамски близначки кои имаат споено тело со две глави, што е ретка појава. Тие го делат крвотокот и сите органи под половината.

Еби ги контролира десната рака и нога, а Британи ги контролира левите.

„Луѓето се љубопитни, сакаат да нè запознаат и тоа е така од нашето раѓање, од очигледни причини. Но нашите родители никогаш не ни дозволија да го користиме тоа како изговор. Пораснати сме да веруваме дека можеме да направиме сè што сакаме.“


Кога се родиле, лекарите им откриле дека постои можност да ги раздвојат. Но нивните родители, Пети и Мајк, одлучиле да не се согласат на операција, откако им било кажано дека постојат мали шанси и двете сестри да ја преживеат операцијата.

„Како би можела да одберам меѓу двете?“, рекла нивната мајка во едно интервју.

А на прашањето како ќе изгледа тоа ако една од нив си најде момче, а другата не, нивниот татко одговорил вака:

„Тие се згодни девојки. Духовити се. Сè им оди од рака, само што се споени.“

Британи и Еби еднаш открија дека имаат интимен живот и тој се одвива така што кога едната е со момче, другата става слушалки на ушите и превез преку очите. Но со оглед на тоа што го делат торзото и сите витални органи, разбирливо е дека и двете го чувствуваат истото, па и интимниот чин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.