Мајка и ќерка во бело: Светлана и Моника Црнокрак викендов ќе облечат раскошни венчаници!
Викендов ќе се одржи 12. издание на традиционалниот саем за венчавки
Дванаесеттото издание на традиционалниот саем за венчавки Wedding Expo Skopje и оваа година ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, од 23 до 25 февруари.
Во рамките на модната ревија „Познатите во венчаници и костуми”, на пистата ќе зачекорат Светлана и Моника Црнокрак, во креации од новата ексклузивна колекција на „Ателје Жана“.
View this post on Instagram
„Ателјето Жана“ веќе е доста етаблирано на балканскиот пазар и соработува со естрадни ѕвезди како Марија Микиќ. Во новиот спот на Марија се појавува и една од најубавите Македонки, Анѓела Јакимовска, која и оваа година ќе биде дел од саемот во креација на „Ателје Жана“.
View this post on Instagram
Уште една млада и исклучително талентирана поп-пејачка ќе биде дел од оваа модна ревија. Девојката која ги освои срцата на огромен аудиториум во поширокиот Балкан, Барбара Поповиќ, ќе се појави облечена во исклучително сензуална креација од новата колекција на „Ателје Жана“.
View this post on Instagram
Сите оние кои вечерта ќе бидат дел од овој настан ќе имаат ретка можност да уживаат не само во нејзиниот изглед, туку и во нејзиниот глас. За целосниот изглед и шминка ќе се погрижи магионичарот за свадбена шминка Даниел Николовски.
Влезници за саемот можете да најдете на платформата www.kupikartizase.com или на самиот влез на хотелот „Александар Палас“. Саемот ќе биде отворен за посетители од 23. февруари (петок) во 18 часот, а во сабота и недела ќе можете да го посетите од 10 до 20 часот.
Коментарите се заклучени.