На венчавката на синот, мајката дознала дека снаата е ќерка ѝ што ја барала 20 години: Вистината ја открила на фрапантен начин!

Неверојатна приказна

Во Кина во 2021 година се случил неверојатен расплет, кога мајката на венчавката на својот син, всушност, ја пронашла својата изгубена ќерка која требало да ѝ стане снаа

Сè се случило во Суџоу, провинција на Џангс во Кина, во 2021 година. Една Кинескиња го женела својот син, а потоа забележала младеж на раката на својата нова снаа, кој бил сличен на оној на раката на нејзината одамна изгубена ќерка.

Не сакала веднаш да направи сцена, па им пришла на родителите на снаата и ги прашала дали таа по некој случај била посвоена пред повеќе од 20 години. Ова прашање го збунило семејството на невестата, бидејќи тоа било тајна.

Сепак, на крајот ѝ откриле дека пред многу години нашле девојче покрај патот, кое потоа го израснале како родена ќерка. По сето тоа, мајката сфатила дека тоа навистина е нејзината изгубена ќерка.

Кога ја слушнала приказната, невестата почнала да плаче и сакала да дознае повеќе за своите биолошки родители, бидејќи не знаела ништо за нив. Потоа, невестата го опишала денот на венчавката и моментот кога ја запознала својата биолошка мајка како посреќен и од самата венчавка.

Истовремено, таа се загрижила за венчавката, бидејќи нејзиниот иден сопруг всушност ѝ бил брат, но свекрвата открила дека и тој бил посвоен, што значело дека не се брат и сестра.

Имено, жената посвоила момче откако изгубила секаква надеж дека ќе ја пронајде исчезнатата ќерка. Ја барала со години, но залудно. На невестата ѝ олеснило кога го дознала тоа, па младенците продолжиле со сите свадбени ритуали.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.