Детаљ кој има и свое значење: Добре дојдовте во светот на луксузниот блесок! (ФОТО)

Како инспирација за изборот на венчални прстени ни послужи магичната ревија на „Адор голд“ на Саемот за венчавки.

Бурмата претставува најстаро обележје на бракот, а потекнува од древен Египет. Ја означува љубовта на мажот и жената и претставува симбол на нивната заедница во институцијата брак.

Изборот и купувањето бурми е посебен настан кој бара доволно време. Венчалните прстени се разликуваат според видот на металот, формата, обработката на површината, локацијата и бројот на поставени дијаманти, а неопходно е да се најде идеалниот венчален прстен за вашиот животен стил.

Порано беа модерни тенки бурми, а денес стануваат подебели и помасивни, додека најпопуларни се моделите со дијаманти.

Моделите се дел од дијамантската колекција бурми на „Адор голд“

По венчавката, бурмата станува константа во вашиот живот, поради што е многу важно да е удобна за носење и да му одговара на вашиот животен стил. Бидејќи ќе ве потсетува на убавиот ден на венчавката и на вашиот партнер, нека биде со врежана посвета која ја знаете само вие двајца…

Неколку совети при изборот на бурми:

• Бурмата мора да му одговара на вашиот животен стил.

• Се носи на левата рака, како и свршеничкиот прстен, кој по венчавката може да се премести во десната рака или двата прстени да се спојат како доказ за вашиот вечен завет.

• Бурмите од жолто злато ќе изгледаат подобро на потемна или исончана кожа, додека белото злато или платината се посоодветни за посветли тонови на кожа

• Младенците обично се одлучуваат за прстен од 14-каратно злато, но може да биде и 18-каратно злато. Овие типови на венчални прстени се поскапи и помеки поради поголемата содржина на злато.

Земајќи предвид дека пролетта и раното лето се период кога најмногу се одржуваат венчавки, ви ги предлагаме мајсторите за совршен накит и бурми „Адор голд“, чиј искусен продажен персонал ќе ви помогне во изборот. 

Нашиот избор на бурми со германски квалитет е уникатен и достапен единствено во нашите златари. Бурмите се карактеризираат со прецизна изработка, најдобри материјали и висок степен на занаетчиска умешност, која ги претвора во вистински уметнички дела. Германскиот квалитет ви гарантира долготрајност, издржливост, уникатен стил и комфорт, порачуваат од „Адор голд“.

Инаку, „Адор голд“ и оваа година учествуваа на Саемот за венчавки, каде што ја претставија најновата колекција скапоцен накит.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADOR (@ador_gold)

Фото и видео: Инстаграм, ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.