ОВА не го очекувала: Мајка ја оставила ќерка ѝ кај свекрвата, па длабоко зажалила

Искрена исповед

Оваа жена ја оставила својата ќерка кај свекрва ѝ за да ја причува неколку часа, а кога се вратила, се шокирала

Една млада мајка многу се изненадила и се изнервирала откако ја оставила својата ќерка кај свекрва ѝ, односно кај маќеата на нејзиниот сопруг. Таа се шокирала кога дошла да ја земе ќерка ѝ и кога видела дека таа не изгледала исто како кога ја оставила на чување.

Оваа мајка одлучила да ја пушти косата на нејзиното русокосо девојче да порасне што е можно подолга, бидејќи имала преслатки кадрици. Но свекрвата очигледно не го делела нејзиното мислење и неколку пати барала од снаата да ја потстриже, бидејќи, како што тврдела, така побрзо ќе му расте косата на девојчето.

Еден ден, мајката на девојчето ја замолила свекрвата да дојде кај неа и да ја причува внуката неколку часа, што таа го прифатила, но кога несреќната жена се вратила дома, нејзината ќерка имала капа на главата, иако се наоѓала во затворен простор.

Откако мајката ја прашала свекрва ѝ од каде ѝ е капата и зошто ја носи на глава, таа ѝ кажала дека тоа е нејзин подарок и си заминала дома побрзо од вообичаено.

Кога му ја извадила капата на девојчето, видела дека нејзините кадрици се потстрижани. Гневна, седнала во автомобил и веднаш отишла кај свекрва ѝ. Штом ја видела снаата, жената почнала да се извинува, велејќи дека знае дека направила нешто лошо и дека не требала да го направи тоа.

Кога снаата ја прашала дали барем сочувала некој прамен за спомен, свекрвата ѝ одговорила дека зела само еден, но дека тој е за неа и не може да ѝ го даде.

Тоа му долеало масло на огнот и снаата ѝ кажала да не ѝ се појавува пред очи некое време.

Сите што ја прочитале оваа исповед се согласиле со мајката и заклучиле дека е невидено и неприфатливо тоа што го направила бабата. Што мислите вие?

Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па жестоко зажалила: Кога пристигнале резултатите, сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.