Родителите најчесто ова име им го даваат на синовите: Можете ли да погодите кои се најпопуларните имиња во светот?

Дали и вашето име е меѓу најпопуларните?

Според податоците што ги објави World of Statistics, најпопуларното име во светот што го носат повеќе од 133 милиони луѓе е Мухамед.

Во моментов има 133.349.300 Мухамеди на целата Земја. Очекувано, на второ место е името што го носат жените „од готвачка до кралица“ – Марија.

Марии има 61.134.526 во светот, потоа името Нуши – 55.898.624, потоа Хозе – 29.946.427, Веи – 17.145.807.

На шестото место во светот е името Ахмед, ги има 14.916.476, потоа Јан – 14.793.356, Али – 14.763.733, Џон – 14.323.797.

Има нешто повеќе од 13 илјади Давиди, па оние со име Ли – 13.166.162, Абдул – 12.163.978, Ана – 12.091.132…

Меѓу популарните имиња се Џинг, Мајкл (Мишел), Хуан, Мери, Роберт, Даниел, Луис Карлос, Џејмс, Антонио, Џозеф и Хуи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.