Карла исчезнала пред 25 години, а родителите до денес го немаат напуштено домот откако ја дознале ужасната вистина!

Дошле до нови сознанија во 2019 година

Никој не очекувал дека Карла нема да се врати дома таа вечер

Карла Родригез се изгубила кога имала само седум години и слабо зборувала англиски. На 20 октомври 1999. во 15 часот, таткото на Карла, Рамон, се вратил дома од работа и открил дека ги нема Карла и нејзиниот велосипед. Во тоа време, родителите ги пуштале децата сами да одат на училиште и да се шетаат низ соседството, па Рамон не бил загрижен. Претпоставил дека ќерка му отишла кај некоја другарка по училиште.

Секоја нејзина трага се изгубила во квартот во Лас Вегас, а полицијата ја нарекла „жртва која чека да се случи“. Родителите често ја оставале сама да се снаоѓа како знае и умее, па изгледа не се грижеле многу за нејзиното кревко здравје.

Рамон ја однел сопругата Елија на работа на ноќна смена и дури околу 22 часот наминал кај сосетката за да ја побара Карла, која му кажала дека девојчето дошло околу 19 часот, бидејќи сакала да си игра со син ѝ. Меѓутоа, било доцна, па ѝ кажала на Карла да си оди дома и дека ќе се дружат другпат. Исто така, додала дека уште некои 15 минути си играла сама на прагот, а потоа, седнала на својот велосипед и си заминала.

Под претпоставка дека Карла ја поминала ноќта кај друга пријателка, нејзините родители легнале да спијат и ја чекале да се врати дома. Следното утро, Елија отишла во основното училиште „Џон С. Парк“ за да ја побара ќерка си. Но доживеала голем шок. Таму дознала дека Карла воопшто не била на училиште и дека ја нема веќе 12 часа.

Директорот на училиштето на Карла викнал полиција и го пријавил нејзиното исчезнување, што резултирало со масовна потрага со дресирани кучиња, хеликоптери, па дури и ФБИ. Елија прво рекла дека тоа утро ја испратила Карла до половина пат кон училиштето, но се дознало дека излажала.

Низ годините, полицијата отфрлиле стотици траги: од зетот кому семејството на Карла му должело пари, до 11-годишната другарка од одделението која кажала дека ја видела Карла како влегува во нечиј автомобил. Сега веќе возрасна девојка, таа во 2019 година се присетила дека во автомобилот, наводно, имало кафени седишта и освежувач за воздух со ликот на Дева Марија, кој висел од ретровизорот.

Родителите на Карла никогаш не го напуштиле својот дом во Лас Вегас, надевајќи се дека еден ден ќе се врати. На конференцијата за новинари во 2019 година истакнале дека родителите никако не смеат да ги оставаат децата без надзор. И двајцата поминале низ полиграфско тестирање и не биле именувани за осомничени.

Детективите веруваат дека странец ја киднапирал Карла. Карла последен пат била видена во црно сако, сино-бела маица на линии и црвени панталони. На ноктите имала зелен лак. Роденден ѝ е на 29. септември, кога би требало да полни 30 години.

Неговата судбина ќе ви ја заледи крвта: Момчето ангел кое влегло во историјата од најстрашната можна причина!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.