Неговата судбина ќе ви ја заледи крвта: Момчето ангел кое влегло во историјата од најстрашната можна причина!

Трагедија

На 25 мај, 1979 година, Стен и Џули Пац решиле за првпат да му дозволат на шестгодишниот син Итан сам да прошета два блока од станот до станицата, каде што требало да го собере автобусот и да го одведе до училиште

Момчето го поминало патот многу пати, важело за добро и послушно дете и родителите не се грижеле премногу за тоа дали ќе се снајде на улиците на Њујорк и дали ќе стигне навреме за да го фати автобусот. Но Итан никогаш не стасал до станицата…

Русокосиот Итан Пац со ангелски лик засекогаш ќе остани запомнет како првото дете кое се нашло на тетрапаците за млеко и билбордите ширум Америка, поради очајните обиди на родителите и полицијата да го пронајдат.

Исчезнал на 25 мај 1979 година на патот до училиште. Таткото на Итан, Стен, бил фотограф и имал голема колекција на фотографии од својот шестгодишен син, која им ја дал на полицијата и на активистите, и која наскоро осамнала ширум Њујорк – од Тајмс сквер па до најскриениот агол на градот.

Но сето тоа било залудно… Никогаш не била пронајдена ни трага за тоа што му се случило на детето тој мајски ден.

Стен и Џули Пац и денес живеат во истиот стан. Не го смениле ни телефонскиот број. Се надеваат дека синот сепак еден ден ќе им се врати или ќе се обиде да ги контактира. Итан Пац во 2001 година бил прогласен за мртов, иако телото никогаш не му било пронајдено.

Првите осомничени

Првиот осомничен бил Хозе Антонио Рамос. Тој бил претходно осудуван сексуален престапник и бил пријател на дадилката на семејството Пац. За време на претресот на запуштените цевки во кои живеел Рамос како бездомник била пронајдена фотографија од него и од момче кое потсетувало на Итан.

За време на првото сослушување Рамос рекол дека дента кога исчезнал Итан, киднапирал едно момче и го силувал, како и дека е 90 отсто сигурен дека тоа било момчето што потоа го видел на телевизија. Сепак, не го знаел името на Итан и тврдел дека по силувањето го оставил детето на метро.

Во 1991 година, додека Рамос бил во притвор, неговиот цимер ги контактирал ФБИ и открил дека Рамос се фалел дека знаеш што му се случило на Итан, дури и ја нацртал рутата по која се движел училишниот автобус на момчето.

Сепак, никогаш немало конкретни докази. Рамос бил прогласен за одговорен за исчезнувањето на Итан Пац во 2004 година во граѓанската парница, но никогаш не бил законски гонет. Отслужил дваесетгодишна затворска казна поради злоупотреба на деца и бил пуштен во 2012 година, но наскоро повторно бил уапсен.

Рамос сепак бил невин?

Во 2010 година случајот за исчезнувањето на Итан Пац повторно бил отворен. Ден пред 33-та годишнина од неговото исчезнување, во 2012 година, полицијата тропнала на вратата на Стен и Џули Пац со вестите дека неговиот убиец е уапсен!

Веста набрзо станала ударна во сите медиуми во Америка. Педро Хернандез, 51-годишен работник во продавницата во соседството на Итан, признал дека го убил Итан Пац.

Педро раскажал дека тој мајски ден во 1979 година кога имал 18 години, го намамил момчето да влезе во продавницата кажувајќи му дека ќе му даде сок, па го одвлекол во подрум и го задавил. Потоа, телото го фрлил на ѓубриште.

Педро Хернандез никогаш не бил на листата на осомничени и полицијата, освен признание, немала никаков доказ што би го поврзал со исчезнувањето на момчето. Никогаш не било разјаснето како полицијата воопшто дошла до него, но медиумите шпекулирале дека го пријавил некој од семејството, бидејќи тој повеќе пати зборувал за тоа злосторство.

Во ноември 2012 година во Њујорк започнало судењето на Педро Хернандез за второстепено убиство и првостепено киднапирање на Итан Пац. Адвокатот од одбраната изнел медицинско мислење според кое Хернандез страда од шизофренија која предизвикува халуцинации, како и дека коефициентот на интелигенција му е помал од 70, што се граничи со интелектуална ретардација.

За време на судењето, Хернандез го повлекол својот исказ и изјавил дека е невин, а неговиот адвокат изнел докази дека првобитното признание било изнудено по малтретирањето на полицијата и седумчасовното испитување.

Судењето траело повеќе од две години само за на крај во мај 2015 година да биде отфрлено, поради тоа што поротата три пати не можела да се усогласи. Резултатот бил 11:1 за осуда на Хернандез.

Повторното судење започнало во октомври 2016 и овој пат Хернандез бил осуден за киднапирање и убиство на Итан Пац на доживотна затворска казна со можност за помилување по 25 години отслужена робија.

И после сè…

Денот на исчезнувањето на Итан Пац, 25 мај, е прогласен за Национален ден на исчезнатите деца во Америка. Во 2001 година, ова обележување станало интернационално.

Праксата на ставање фотографии од исчезнати деца на тетрапаци од млеко и други производи кои се во масовна продажба по исчезнувањето на Итан, е законски регулирана и денес е широко раширена.

Родителите на Итан добиле симболична оштета од 2 милиони долари. Парите никогаш не ги подигнале.

Олицетворение на злото: Занесно убав, несекојдневно паметен и изопачен до срж – ова е најсуровиот сериски убиец во историјата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.