По поразот на изборите се огласила и Ивана Трамп: „Мојот поранешен сопруг е многу лош губитник“

Проговорила и поранешната сопруга

Пред неколку дена, животот на Доналд Трамп целосно се превртел наопаку кога го изгубил местото на најмоќниот човек на светот

Во борбата за уште еден претседателски мандат во Америка, изгубил од демократот Џо Бајден. Иако и понатаму не го прифаќа поразот, наскоро ќе мора да се отсели од Белата куќа заедно со остатокот од семејството.

Откако почнало да се зборува дека неговата сопруга Меланија Трамп ќе побара развод штом ќе излезе од куќата, се огласила и неговата поранешна сопруга Ивана Трамп со првата реакција на неговиот пораз.

„Тој е лош губитник. Не сака да губи, но подготвен е да се бори и бори и бори…“, рекла Ивана (71) во разговорот за магазинот „Пипл“.

Покрај тој краток коментар, открила и дека одвај чека да заврши целата оваа приказна, бидејќи навистина не се грижи повеќе за тоа.

„Беше како што беше, само нека заврши“, признала таа.

Додека сите околу него се чини дека подготвено го прифатија поразот, тој и понатаму нагласува дека се мамело на овие избори. Без никакви докази тврди дека гласовите му биле украдени.

Инаку, пред крајот на изборите, Ивана на американските медиуми им кажала дека во иднина како претседателка ја гледа својата ќерка Иванка.

„Таа е секој ден во Белата куќа, го знаете тоа? Секој ден е со татко ѝ. Знае сè што се случува. Дефинитивно би можела да биде претседателка еден ден. Навистина е паметна, убава и самосвесна. Што повеќе ѝ треба?“, рекла гордо тогаш.

Тогаш ја коментирала и сегашната сопруга на поранешниот партнер со кого и понатаму секојдневно се слуша.

„Меланија едвај чека да се разведе од Доналд. Разговарам директно со господинот претседател. Обично тоа е поврзано со нашите деца, а понекогаш и со економијата, но никогаш со другите жени од неговиот живот.“

Судејќи по ладниот одговор, нема позитивно мислење за Меланија, а на прашањето дали смета дека таа е добра прва дама, одговорила:

„Не сум баш сигурна. Многу е тивка и всушност не посетува многу места. Оди на настаните на кои мора да оди, но и тогаш ништо не зборува“, заклучила Ивана.

Поранешна соработничка открила: Меланија ги одбројува минутите до развод – нивниот брак бил чиста деловна трансакција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.