4 работи што никако не смеете да му ги простите на вашето возрасно дете: Запомнете дека вие сте го родиле него, а не обратно!

Ова не смеете да го дозволите

Понекогаш возрасните деца знаат да бидат многу непријатни со своите родители, но секогаш имајте на ум дека вие сте родителите и дека сè уште треба да ве слушаат

Ако купите некој уред и ако на него пишува дека е отпорен на удари, тоа значи дека никој нема да го штити тој уред. Ќе го фрлаат наоколу, мислејќи дека никогаш нема да се скрши.

Исто е и со луѓето.

Луѓето кои се добри, љубезни, подготвени за компромиси и кои се слепи за туѓите недостатоци, воопшто не се ценети од другите.

Луѓето ги ценат само оние што ќе кажат: „не можеш вака со мене!“

Родителите најчесто трпат сè од страна на нивните деца. Како да не смеат да им кажат НЕ. Ако се пронаоѓате во ова, катастрофата е неизбежна. Најголемите грешки ги прават родителите на возрасните деца. Тука мора да ги поставите границите навреме.

Ова се четирите работи што не смеете да ги толерирате од вашето возрасно дете…

1. Манипулација

„Мамо, ако ме сакаш, тогаш ќе го прифатиш и мојот сопруг“, „Тато, ако ме сакаш, ќе ми ја дадеш твојата заштеда да започнам бизнис“.

Па ако не го направите тоа што ви го побарале, децата смртно ќе се навредат и ќе ви се заканат дека никогаш веќе нема да се појават во семејниот дом.

Чиста манипулација! Ова никако не смеете да го дозволите! Родителството не ве обврзува да одите против својата волја и здравиот разум. И секако,дека вашето дете нема да исчезне од вашиот живот само затоа што имате свое мислење.

2. Чувство на вина

Самохраните мајки обично чувствуваат вина што сами се грижат за децата. Понекогаш им го надоместуваат тоа што растеле без татко така што им дозволуваат да прават што сакаат. Но сето тоа е залудно. Децата ќе пораснат и може воопшто да не им е грижа за вас. Може постојано да ви земаат пари и да ве натераат да живеете по нивни правила. Ете дотаму може да ве одведе вината!

3. „Што е твое и мое е“

Дали сè треба да се дели во семејството? Ова е уште една точка на која треба да ѝ обрнете внимание. Ако вашето дете земе нешто од вас и не смета дека треба да ви го врати, тогаш треба да размислите за ова.

И во родителството треба да постојат граници. Ако ви позајми пари? Мора и да ги врати. Ако ви изгубат вредно парче накит? Ќе мора и да ви го надоместат. Многу разгалени деца сметаат дека треба да ѝ го вратат долгот на банката, додека мајка им и татко им се должни да им даваат пари, безусловно.

4. Никогаш не дозволувајте да бидете обезвреднети

Ако вашето дете завршило факултет, а вие не, тоа не значи дека треба да му дозволите да ви дели памет. Сетете се на познатата изрека и изговорете ја гласно: „Јас те родив тебе, а не ти мене!“

Ако сакате да живеете на одреден начин, не му дозволувајте никому да го критикува вашиот живот и да ве преобликува според своите потреби, па дури и тој некој да е вашето родено дете.

Зошто многу деца и внуци ги занемаруваат своите родители во староста? Лав Толстој со 1 реченица го одговорил ова прашање
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.