Исчезна на врвот од кариерата, а сега се појави рака под рака со ОВАА убавица: „Оскарите“ го оживеаја познатиот актер

Каде е и што прави Џош Хартнет?

Сите жени лудуваа по него, а тој одбра убава колешка со која се скри далеку од очите на јавноста

На почетокот од 2000-тите, Џош Хартнет беше едно од најперспективните холивудски имиња и женски миленик, но на врвот од својата слава, тој ја донесе шокантната одлука да се повлече од јавноста.

Последниве години ретко можеме да го видиме на холивудски настани, но тој, сепак, не го пропушти годинешното доделување „оскари“, каде што го славеше филмот „Опенхајмер“ во којшто Џош го глуми американскиот физичар Ернест Лоренс.

Џош се појавил на свеченоста во придружба на сопругата Тамсин Егертон, британска актерка најпозната по улогите во филмовите St Trinian’s и Keeping Mum, како и во ТВ-серијата Camelot, каде што ја играше Гунивер.

Тамсин буквално блескала во златниот фустан кој ги украл сите погледи, а Џош не ја испуштал од рака. Неодамна се дозна дека во тајност го добиле четвртото дете, а среќните вести ги открил самиот актер.

„Имам четири деца, живеам на село. Зафатен сум или со работа или со грижа за нив“, изјавил Хартнет на доделувањето награди САГ.

По него лудуваа жените ширум светот, а тој едноставно исчезна на врвот од славата.

Џош и Тамсин се венчале во 2012 година по што одлучиле да се повлечат од јавноста и да му се посветат на семејниот живот, и тоа токму во периодот кога магазините го сместуваа меѓу најзгодните мажи на светот и го нарекуваа наследникот на Леонардо Ди Каприо и Мет Дејмон.

„Имав чувство дека некој ми го украл целиот живот. Сите тие насловни страници со мои фотографии воопшто не го прикажуваат животот што го живеев. Моментално се чувствувам добро, бидејќи папараците не ме малтретираат веќе како порано“, се присетил Хартнет во едно интервју.

Денес се занимава со пишување сценарија и со режија, а тие вештини ги усовршил откако престанал да глуми, бидејќи имал повеќе време за себе.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.