Кога се паѓа ретрограден Меркур во 2024 година? Добро подгответе се, бидејќи на овие денови ќе настане апсолутен хаос!

Добро е да знаете

Меркур е една од најважните планети што влијаат врз нашите животи, поради нејзината положба во Сончевиот систем

Сите се плашиме од ретрограден Меркур и знаеме дека на тие датуми не би требало да се започнува ништо што ни е важно: нова работа, нов договор, нова љубов…

Еве кои денови можеме да очекуваме ретрограден Меркур во 2024 година:

Од 1. до 24. април 2024

Меркур се движи ретроградно во тврдоглавиот, страстен и огнен хороскопски знак Овен. Луѓето родени во знакот Овен ќе доживеат неконтролирана желба избрзано да донесуваат одлуки и ќе се соочуваат со тешките ситуации агресивно и избувливо. Ќе летаат искри, а може да дојде и до тензија и конфликти.

За сите хороскопски знаци, а особено за огнените, најдобро е да се повлечат и интензивно да размислуваат пред да комуницираат со другите, бидејќи нивните зборови ќе можат да повредат. Исто така, важно е, особено за Овните, Лавовите и Стрелците, овој период да не се расправаат, за да избегнат идни катастрофи.

Од 4. до 27. август 2024

Меркур е ретрограден во земјениот знак Девица од 4 до 14 август, а потоа преминува во соѕвездието на Лавот. Овој период ќе почне со јасно поставени цели. До промени ќе дојде по 14. август, бидејќи Меркур ќе биде ретрограден во самоуверениот, но егоистичен огнен знак Лав.

Додека Девицата некому ќе му овозможи конструктивно да се посвети на личниот развој и одвреме-навреме да ги критикува своите сакани, оние што ќе бидат под влијание на Лавот, нема да прифатат никаква критика, бидејќи копнеат за пофалби и признанија.

Сите знаци мора да бидат особено внимателни кога станува збор за нивниот љубовен живот, бидејќи оваа фаза сигурно ќе создаде конфузија и негативна комуникација.

Од 25. ноември до 15. декември 2024

Последниот ретрограден Меркур во годината ќе биде во знакот Стрелец. Сезоната на празници во 2024 се паѓа среде ретрограден Меркур, што би можело да предизвика одредени проблеми во планирањето одмори или семејни собири.

На сите знаци им се препорачува трократно да ги проверуваат своите резервации и планови со пријателите и со семејството, пред да тргнат на пат. Исто така, добро би било да не започнувате непотребни расправии со саканите, бидејќи тоа би можело да остави горчлив вкус на каење кај сите хороскопски знаци.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.