Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па жестоко зажалила: Кога пристигнале резултатите, сите се шокирале!

Занемеле од шок

Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па ја открила сопствената љубовна афера – не ни претпоставувала дека можело ова да ја снајде

Односите меѓу свекрвите и снаите честопати се напнати и незгодни, а до која мера можат да одат нивните несогласувања и нетрпеливост, покажува примерот на едно семејство чија исповед се нашла на Редит.

Имено, една свекрва случајно ја издала сопствената мала валкана тајна по разговор за „необичниот“ изглед на нејзината нова внука. Жената почнала да се сомнева дека нејзината снаа го изневерува син ѝ кога нивното дете се родило со зелени очи, што е карактеристика што никој друг во нивното или нејзиното семејство ја немал.

Таа толку многу коментирала за тоа што новата мајка на крајот го натерала сопругот и новороденчето да направат ДНК-тест, само за да излезе вистината на виделина. Но притоа, случајно ја открила 29-годишната тајна на својата свекрва.

Новата мајка напишала на Редит:

„Ја родив ќерка ми пред два месеца и покрај тоа што сопругот ми кажа дека знае дека никогаш не би го изневерила, сакав ќерка ми да направи тест за татковство. Причината беше тоа што има зелени очи. Јас и сопругот немаме зелени очи, ниту моите родители, ниту неговите, никој во моето семејство нема. Сопругот кажа дека тоа веројатно е некое генетско чудо, но јас сакав тест за да биде мирен. Постојано одбиваше, бидејќи ми верува, но мајка му постојано ги коментира нејзините очи, како и остатокот од неговото семејство, кои постојано коментираат дека веројатно сум го изневерила. Дури и на моето семејство му е чудно што ќерка ми има зелени очи.“

На нејзино големо задоволство, нејзиниот сопруг на крајот се согласил да направи тест за татковство и како што се очекувало, резултатите потврдиле дека тој е таткото на нивната ќерка. Но откако подетално ги прочитала резултатите, сфатила дека нешто не е во ред.

„Нашата ќерка е негова, но мојот свекор не му е татко на мојот сопруг. Тие се во брак со децении, па помислата дека свекрвата го изневерила мојот свекор не ми ни паднала напамет. Мојот сопруг сака да се соочи со мајка му, но јас му велам да почека. Да, таа е лажлива и лицемерна, но мора да размислиме за тоа. Се согласувам дека свекор ми би требало да знае, но и двајцата сме уморни од грижата за новороденчето, дознавме нешто шокантно и не размислуваме рационално“, продолжила таа.

Тврди дека нејзиниот сопруг сето тоа сака да му го каже на татко му и иако истото го сака и таа, не би сакала сега да се соочува со конфликти. Сега се чувствува виновна што воопшто инсистирала на ДНК-тест, чија цел била да го смири, а наместо тоа го започнал крајот на бракот на неговите родители.

Како би постапиле вие во ваква ситуација?

Ја изневерил сопругата со колешка, а не ни претпоставувал што ќе направи мајка му: Постапката на свекрвата ги шокира луѓето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.