Ја изневерил сопругата со колешка, а не ни претпоставувал што ќе направи мајка му: Постапката на свекрвата ги шокира луѓето!

Ова не го очекувал

Ја изневерил сопругата со колешка, а потоа мајка му решила да ги преземе работите во свои раце и да му се одмазди на креативен начин

Откако маж ја изневерил сопругата со негова колешка, мајка му решила да го научи на памет и да направи нешто што ќе го здоболи.

„Го сакам мојот син со сето срце, но навистина ја направи најголемата глупост досега. Се венча на 20 години, а неговата поранешна жена веќе имаше тригодишна ќерка, која ја сакав како родена внука. Имаа и едно заедничко дете, мојата друга внука, која има две години. Беа совршеното семејство, но тој го уништи со аферата што ја имаше со колешка од работа. Поранешната сопруга го избрка од дома и тој одлучи да се врати кај мене“, напишала таа во објава на Редит.

Меѓутоа, за да и’ се одмазди на сопругата, тој со себе го понел кучето што децата го обожавале. И покрај фактот што кучето ги имало сите можни услови за нормален живот, тој одлучил да го доведе кај мајка му, која живеела во стан во центарот на градот, без услови за толку големо куче.

Мајката решила да ги преземе работите во свои раце и додека тој бил на деловно патување, го одвела кучето од расата бордер коли во куќата на неговата поранешна сопруга и децата.

Освен тоа, нејзиниот син потполно го занемарувал кучето и го чувал само за да и’ наштети на поранешната жена поради тоа што го избркала од дома.

„Додека тој работеше во странство, и’ се јавив на неговата поранешна сопруга и ја прашав дали го сака кучето назад. Само што не заплака од среќа и јас веднаш спакував се’ што му припаѓаше на кучето и го одведов таму. Моите внучиња беа пресреќни. Но кога син ми се врати дома, почна да ме нарекува со разни погрдни имиња, бидејќи сум го дала неговото куче, на што јас само му кажав дека повеќе нема да биде добредојден во мојот дом ако се обиде да оди по кучето и повторно да го земе“, раскажала таа.

„Тој само мисли на себе. Не му е гајле ни за вас, ни за кучето, ни за децата, а ни за жената. Добро е тоа што воопшто му дозволувате да остане кај вас после се’“, „Обично не поддржувам подарување нечиј миленик без знаење на сопственик, но во овој случај тоа е дефинитивно оправдано“, „Секоја чест за ова и за тоа што и понатаму сте и’ добра свекрва на неговата бивша“, се само некои од коментарите на корисниците на Редит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.