„Сопругот ме изневери со мојата родена сестра, па се ожени со неа“: Шок за целото семејство!

Исповед на една жена

Иако тоа било непријатна епизода за целото нејзино семејство, сите некако го преболеле тоа и не го спомнуваат веќе

Една жена неодамна одлучила да го сподели своето искуство на Редит, чувствувајќи се фрустрирано што нејзината сестра се лути, поради тоа што не била поканета на забавата што ја организирала по повод нејзината бременост. Овој случај не би бил оправдан во некои ситуации, но за неа станало прашање на двојни стандарди.

Таа има 37 години и е во брак со Рајан, кој има 36 години. Ова е нејзиниот втор брак. Првиот завршил откако поранешниот сопруг ја изневерил со сестра ѝ, со која на крајот се оженил, една година откако се развела од него. Оваа трауматична случка не само што ѝ го прекинала бракот, туку и тотално ги нарушил односите меѓу неа и сестра ѝ. Очигледно е дека нејзината сестра и поранешниот сопруг донеле одлука да ја исклучат од нивниот живот, па одлучиле да не ја поканат на нивната венчавка.

Иако ова било болна ситуација за целото нејзино семејство, времето ги залечило раните, но оваа жена сè уште ги чувствува последиците од тој настан. Се чувствува непријатно во присуство на сестра ѝ и нејзиниот поранешен сопруг и ги одбегнува колку што е тоа возможно.

„Неколку години подоцна го запознав Рајан и две години сме во брак. Неодамна дознав дека сум бремена и одлучив да направам мала семејна забава со нашите родители, неговата сестра и уште неколку блиски пријатели. Сестра ми и поранешниот сопруг не се поканети“, рекла таа.

Сестра ѝ дознала за забавата и ѝ напишала порака дека ја исклучила од семејство и дека ќе му биде тетка на детето, што не е безначајно.

„Се обидов да ѝ објаснам зошто не е поканета и дека сакам пријатно семејно дружење, но таа не ми ја сфати поентата, а и мајка ми застана на нејзина страна, со објаснувањето дека ‘не можеме засекогаш да се одбегнуваме една со друга’.

Луда сум или што?“, заклучила таа во својата објава.

Корисниците на Редит ја уверувале дека не е.

„Јас би ѝ кажала дека веќе не е ни дел од моето семејство, со оглед на тоа што спиела со мојот сопруг. Очигледно, ти си многу добар човек штом разговараш со нив и после сè“, напишала една жена и сите се согласиле со неа.

Што мислите вие за оваа ситуација?

Шокантна исповед: „Го изневерив мојот совршен сопруг, а сега ме мачи само едно нешто!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.