Шокантна исповед: „Го изневерив мојот совршен сопруг, а сега ме мачи само едно нешто!“

Исповед на жена која го изневерила сопругот

Исповедта на жената која го изневерила сопругот на одмор е преполна со интересни детали

Тие се 15 години во брак. Заедно имаат четири деца. Таа напоменува дека нејзиниот сопруг е прекрасна личност и прекрасен татко и дека тој е најдобриот сопруг каков што секоја жена би посакала.

„Имам група пријателки кои ги познавам долги години и со нив барем двапати годишно патувам некаде на неколку дена. Кога го направивме тоа последниот пат, запознав еден маж во кафуле и веднаш кликнавме. Неколку пати спиев со него за време на одморот“, вака започнува исповедта на оваа жена, која додава:

„Моите пријателки знаат за тоа и разочарани се од мене, бидејќи знаат колку прекрасен сопруг имам. Мојот маж се дружи со сопругот на една од моите пријателки, па се плашам дека ќе му пренесе на мојот сопруг ако дознае што сум направила.

Знам дека маж ми ќе биде очаен и се плашам дека ќе ме напушти. Не знам дали да му признам или да претпоставам дека тоа никогаш нема да му биде пренесено. Не можам да јадам ни да спијам како што треба оттогаш, а сопругот постојано ме прашува што не е во ред.“

Еве каков одговор добила жената од брачен експерт:

Ова е нешто за коешто само вие можете да одлучите. Разбирливо е што мислите дека сопругот ќе ве напушти, постојат такви шанси. Но можеме да ви го кажеме ова:

Неверството не мора да значи и прекин на врската. Вистина е дека многу врски закрепнуваат по неверството и стануваат посилни од претходно. Врските во коишто ќе биде признаено неверството, имаат поголеми шанси да го пребродат тоа.

Неодамнешни истражувања покажуваат дека кај браковите во кои некој од сопружниците крие неверство, постојат двапати поголеми шанси дека ќе дојде до развод откако ќе се дознае за тоа.

Вашиот сопруг знае дека нешто не е во ред, само не е сигурен што е тоа. Колку повеќе време поминува, толку потешко ќе му биде да го надмине тоа. Сознанието дека сте го излажале кога ве прашал што е проблемот, може да му се чини како двојно предавство.

Без разлика дали тој ќе дознае од некого или вие ќе му кажете, извесно е дека патот до закрепнувањето ќе биде долг. Тоа значи дека ќе мора да преземете одговорност, да покажете дека вистински се каете поради тоа што се случило и двајцата да одлучите дека ќе го пребродите тоа.

Веројатно тој ќе сака да знае зошто сте го сториле тоа. Бидете подготвени на разни прашања и дискусии, кои може да потраат и повеќе месеци.

Дали знаете што е тоа што ве навело да побарате друг маж? Ако ги знаете причините, тоа ќе му помогне на вашиот партнер подобро да ве разбере, а ќе придонесе и за тоа да не се повтори веќе вакво нешто. Ако сопругот е волен да го преброди ова со вас, најдобро е да одите на заеднички разговори со психолог. Ќе ви треба време за да ги изградите врската и довербата повторно, но возможно е. Одлуката е ваша.

„Советувам да му го простите неверството на сопругот само во еден случај“: Познат психотерапевт за изневерувањата во бракот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.