„Советувам да му го простите неверството на сопругот само во еден случај“: Познат психотерапевт за изневерувањата во бракот

Прочитајте

Да се сочува семејството и бракот стана невозможна мисија во денешно време, а вистинскиот совет доаѓа од познат психотерапевт

Доколку сте откриле дека партнерот ве изневерува, ова е најдоброто решение според познат психотерапевт:

„Луѓето му веруваат на партнерот. Меѓутоа, кога ќе се појави сомнеж дека нешто не е во ред, а се појавува кога партнерот ќе го смени однесувањето (крие пораки на телефон, телефонот го носи во бањата кога се тушира, разговара надвор и слично), тогаш другата страна почнува да го проверува.

Кога партнерот ќе го фати дека изневерува, тогаш настанува проблемот да се признае или не. Ако нема конкретни докази, повеќето луѓе одлучуваат да не признаат! Тогаш велат дека тоа им е пријателка, колешка и слично. Но тогаш исчезнува довербата. Кога довербата ќе се уништи, луѓето тешко продолжуваат понатаму. Ако оној што покажал знаци на неверство почне да покажува љубов, посветеност и тоа трае подолго време, тогаш може сѐ да се заборави.

Ние, психотерапевтите, советуваме да се прости неверството само кога другата страна ќе признае. Не само кога ќе каже што се случило (не треба да се инсистира на детали), туку кога ќе го дефинира тоа како грешка, кога самиот ќе ја осуди својата постапка, кога ќе вети дека нема да го повтори тоа, кога ќе изрази љубов и желба да остане со својот партнер. Ваквото однесување може да ѝ помогне на другата страна да прости.

Искуствата се 50-50. Половина простуваат, половина не простуваат. На луѓето не им пречи неверството како чин, туку им пречи што тоа претставува за нив во однос на партнерот: зошто го направил тоа? Терапијата помага да се открие проблемот во бракот што довел до неверство: некогаш тоа е сексуалноста – кога мажите се во прашање (жените смислуваат изговори за да одбегнат сексуални односи) или разочараноста од партнерот – кога жените се во прашање (недостиг од почит кон мажот).

За жената да го изневери мажот мора прво да се разочара од него, па дури потоа бара наоколу и кога ќе најде симпатија, таа мора да се вљуби за да може да изневери. Сѐ додека нејзиниот однос со сопругот е во ред, жената нема потреба да бара друг партнер.

Најлошите ситуации се кога некој е половично разочаран. Од една страна, има добри работи во бракот па не сака да си замине, а од друга страна е разочаран. Кога некој е долго време во таков брак, често се случува да бара нешто на страна со надеж дека ќе се појави некој подобар, некој со којшто ќе доживее вистинска љубов и слично.

Ако двојката сака да го сочува бракот по неверството, решението е во разговорот. Проблем постои – инаку не би дошло до неверство, па мора и да се разговара за него. Честопати, тие разговори придонесуваат за подобар квалитет на бракот и двојката може непречено да продолжи со заедничкиот живот.“

Каква карма ќе ве следи доколку го изневерувате вашиот партнер? Сѐ ќе ви се врати на поинаков начин кој е многу поболен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.