Рецепт на познат готвач за највкусната кајгана: Сите ја правиме оваа голема грешка при приготвувањето на омилениот појадок!

Рецепт на Ентони Бордејн

Кајганата по рецептот на најпознатиот американски готвач има фантастичен вкус

Познатиот американски готвач Ентони Бордејн пред неколку години го открил рецептот за највкусната кајгана, инаку, омилениот појадок на многумина во нашата земја. Тој важи за голем експерт, а се зборува дека ја пробал сета храна на светот барем еднаш. Тој истакнал дека сите што го комплицираат процесот на приготвување кајгана и додаваат непотребни намирници, како млеко и павлака – грешат. Доколку ги следите неговите упатства, ќе ја приготвите на најдобриот можен начин, а вкусот ќе ве маѓепса.

Тој истакнал дека никако не би требало да ги додавате следниве намирници во кајганата:

  • вода
  • млеко
  • павлака

Од друга страна, треба да внимавате тавчето да биде врело, но не премногу. Јајцата се мешаат претходно во сад и се зачинуваат само со сол и бибер. Матете ги јајцата додека се стопат белките и жолчките, но внимавајте да не претерате и да не ја претворите смесата во пена.

На тавче обилно ставете путер и загревајте го додека се запени.

Сипете ги јајцата, па оставете ги да се пржат некое време додека добијат каква-таква форма. Потоа, промешајте ги со виљушка во тавчето, и тоа во форма на бројот осум. Тргнете го тавчето од рингла кога кајганата ќе стане прозрачна и цврста.

„Мислам дека ни павлаката ни млекото не го збогатуваат вкусот на јајцето. Не му требаат додатоци. Приготвувате кајгана, а не киш“, рекол Бордејн.

Секако, треба да внимавате да не се препечат јајцата, бидејќи така ќе станат премногу тврди, а Бордејн додава и дека на крајот не треба премногу да ги мешате јајцата со виљушка, бидејќи ќе добиете ситни парчиња, наместо кајгана.

Три грешки што ги правиме кога приготвуваме кајгана: Колку долго треба да остане во тавата откако ќе биде готова?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.