Три грешки што ги правиме кога приготвуваме кајгана: Колку долго треба да остане во тавата откако ќе биде готова?

Совети

Јајцата се чест гостин на нашето мени, се приготвуваат брзо и лесно, па кога сакаме да јадеме нешто здраво, тие се одлична идеја.

Поради комбинацијата на протеини и масти, јајцата се многу хранливи, така што не’ држат подолго време сити, па можеме да се фокусираме на активностите од првиот дел од денот. Лесно се приготвуваат, но понекогаш правиме некои работи погрешно без воопшто да знаеме, па појадокот не е совршено зготвен.

Совети за совршено изматени јајца:

Не печете ги изматените јајца на силен оган

Иако брзо ќе бидат готови, сепак не треба да се печат на силен оган. Нема да заштедите време, затоа слободно загрејте ја тавата на средна температура и потоа додајте ги јајцата. Така најрамномерно ќе се испржат.

Јајцата ги матите директно во тавчето?

Ниту со овој метод нема да добиете време. Заборавете на кршењето јајца директно во тавата. Земете мал сад или чинија, изматете ги со виљушка и зачинете ги, па додајте ги откако ќе се загрее тавата.

Предолго ги оставате во тавата по печењето

Откако ќе го исклучите шпоретот, никогаш не оставајте ги јајцата во тавата. Брзо ја менуваат формата и доволна е мала количина на топлина за да се сменат. За да не бидат суви и тврди, веднаш по печењето, извадете ги од тавата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.