Идеја за појадок, вечера или прилог: Овие стапчиња многу лесно се приготвуваат, а изгледаат како уметничко дело!

Не ви требаат посебни кулинарски вештини

Мора да ги имате овие стапчиња на трпезата

Стапчињата со сусам и афион се една од омилените грицки на многумина. Не се потребни многу состојки за да се приготват, а сигурно веќе ги имате во кујна. Уште една предност на овие солени стапчиња е тоа што не одземаат многу време за приготвување.

Состојки:
  • 600 г брашно
  • 200 мл сончогледово масло
  • 200 мл бело вино
  • 6 г прашок за печиво
  • 2 лажички сол
  • 60 г сусам
  • 60 г афион
  • 1 јајце
Приготвување:

Кога ќе го приготвите тестото, нема потреба да стасува, можете веднаш да почнете со месење. Важно е прво да ставите сусам, бидејќи тестото се превртува на другата страна. Ако ставите прво афион, при вртењето може да ви се расее ако не е добро втиснат, а не е целта афионот да заврши на страната која треба да биде бела од сусамот.

Може да се случи е да ви испука тестото по некаде при вртењето. Ништо страшно, тоа се случува и лесно се поправа. Само спојте ги тие делови повторно, што е многу лесно, бидејќи тестото е лепливо.

Виткањето на стапчињата не треба ни најмалку да ве загрижува. Тоа само изгледа комплицирано, но воопшто не е. Доволно е да завиткате само 2-3 стапчиња и ќе ги усовршите потезите, па стапчињата ќе ви бидат готови за миг.

Ќе ги обожавате овие стапчиња со сусам и афион, а вашите гости нема да можат да им одолеат. Одлично одат со јогурт, но и со пиво, па и вино, кое веќе се содржи во самите стапчиња. Добар апетит!

Погледнете ги деталните упатства за готвење во видеото во продолжение…

Солени стапчиња: Брзи и вкусни грицки од само три состојки
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.