Вистинско освежување: 3 рецепти за природни сокови со сезонско овошје!

Совршени за жешките денови...

Влегувањето во пролет и лето носи не само потопли денови и цветање на природата, туку и изобилство од свежо овошје кое можете да го искористите за приготвување на природен сок.

Сок од јагода и лимета

Состојки: јагоди, лимета, малку мед – по желба

Подготовка: Јагодите измијте ги и извадете ин ги стеблата. Исцедете го сокот од лимета. Во блендер ставете ги јагодите и сокот од лимета, по желба додадете малку мед. Блендирајте додека не се изедначи.

Освежителен сок од ананас и краставица

Состојки: ананас, краставица, свежо нане

Подготовка: Излупете ги ананасот и краставицата. Исечете ги на помали парчиња. Во блендер ставете ги ананасот, краставицата и неколку листови свежо нане. Блендирајте додека не се изедначи смесата. По желба додадете малку вода ако сокот е премногу густ.

Сок од праска, круша и ѓумбир

Состојки: праски, круши, ѓумбир, лимон

Подготовка: Измијте ги праските и крушите и извадете ги семките. Излупете го ѓумбирот. Исечете го овошјето на помали парчиња. Во блендер ставете ги праските, крушите, ѓумбирот и сокот од лимон. Блендирајте додека не се изедначи. Додадете мраз за дополнителна свежина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.