Дали доброто може да го победи злото? Еве зошто се чувствувате исцрпено по караница со токсична личност

Како да одбегнете караница со токсична личност?

Знаете ли зошто добрите, нормални и љубезни луѓе секогаш губат кога ќе дојде до скандал?

Зошто пристојните и љубезни луѓе се чувствуваат лошо по караница со лоша личност, додека таа се чувствува среќно и задоволно по расправијата? Психолозите одговараат на ова прашање:

„Зошто токсинот излегува од караницата како пареа од задушлива бања? Зошто лошиот човек се чувствува одлично по караницата, а добриот човек е целиот скршен и вознемирен? Дури и ако љубезната личност формално победила, зошто се чувствува лошо?

Овие прашања долго ме окупираа“, вели познат психолог.

Ситуацијата е следнава: токсичните луѓе имаат токсини во својот состав, што дополнително ги трујат. Таквиот човек го користи тоа со коешто располага, зар не? Ја загадува околината со извалкана енергија. Со неа бомбардира!

Добриот човек има само добрина. И со тоа го напаѓа непријателот. Нема друга муниција, само чиста животна енергија. Замислете си ја сега таа размена на добра.

„Кога се скараат лош и добар човек, се случува следново: добриот човек завршува покриен со кал, додека лошиот е искапен со сонце. Злото се храни од чистата добрина.

Затоа, лошите луѓе обожаваат караници: од нив профитираат, ја храната душата со светлина. Затоа се толку среќни, задоволни и затоа ги напаѓаат добрите луѓе без причина“, вели психологот.

Па како добрите луѓе да одбегнат караница?

Тешко е, бидејќи не може да се побегне од злото. Можете да го направите тоа што го советувал Платон: кога ќе се расправате, фрлајте со вистината и добрината директно во глава. Потоа, оставете го злото да се гуши. И колку што можете, држете се по настрана од скандали, бидејќи тие само ви ја одземаат силата.

4 реченици што секогаш ги користат токсичните луѓе: Само вака ќе ги препознаете и ќе се спасите од манипулаторите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.