4 реченици што секогаш ги користат токсичните луѓе: Само вака ќе ги препознаете и ќе се спасите од манипулаторите!

Обрнете внимание

4 реченици што ги користат токсичните луѓе за да ви ја намалат самодовербата – препознајте ги и не паѓајте во замката на манипулациите

Токсичните луѓе може да бидат дел од вашето опкружување, без да бидете свесни за тоа. Најпрво можете да ги препознаете по следниве особини: манипулативни се, ги осудуваат луѓето околу себе, не преземаат одговорност за своите постапки, никогаш не се извинуваат, понижуваат, критикуваат, глумат жртви…

Доколку познавате токсична личност, важно е да сфатите дека не сте вие виновни, ниту одговорни за нејзиното однесување. Немојте да ги доведувате своите емоции, ставови и остроумност во прашање за да не паднете во нивната манипулативна замка.

Во комуникацијата, токсичните луѓе често користат одредени фрази, еве кои 4 се најчести…

1. „Претерано драматизираш“

На овој начин, токсичната личност ги наведува луѓето да поверуваат дека самите се виновни за моменталната тешка ситуација. Вака се обидуваат да ги оправдаат своите постапки, наведувајќи ве да помислите дека вие претерувате и дека проблемот е во вас.

2. „Немаш поим за што зборуваш“

На овој начин соговорникот можеби сака да ве понижи или да ви покаже дека е надмоќен. Вака токсичната личност се обидува да побегне од своите проблеми. Сака да ви каже дека вие не знаете за што зборувате и оваа реченица ја користи за да ви покаже дека грешите кога ќе ѝ укажете на нејзиното лошо однесување.

3. „Ти си виновен/на за сé“

Токсичната личност ќе ја искористи секоја можност за да ве обвини, па дури и за тоа што самата го направила. Исто така, кога ќе ѝ укажете на грешката на оваа личност, таа ќе извлече некоја ваша грешка од минатото и ќе направи да се чувствувате лошо.

4. „Не си сигурен/а во себе“

Со оваа реченица можат дополнително да ви ја загрозат самопочитта. Тие ја наведуваат вашата несигурност како мана што ве спречува да преземете важни чекори, одлуки и да се борите за себе. Постојано ве потсетуваат на тоа, што дополнително ја поткопува вашата самодоверба.

Доколку не се чувствувате пријатно во нечие друштво, ако сте исцрпени по средбата, се чувствувате лошо, нерасположено, тажно, прво обидете се да разговарате. Меѓутоа, ако повторно забележите манипулација, негативен став и понижување, тогаш време е да го прекинете однос што повеќе ви носи несреќа одошто радост.

Како да ги идентификувате токсичните луѓе врз основа на овие навики
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.