Само 2% од луѓето можат да ја решат оваа загатка на Ајнштајн: Дали сте дел од нив?

Успеавте да ја решите?

Ве предизвикуваме да ја решите загатката што го збуни Интернетот

Загатките се секогаш добар начин на вежбање на умствените способности и зголемување нивото на интелигенција. Тие можат да ви го избистрат умот и да ве поттикнат на логично размислување. Со таа цел, прочитајте ја следнава загатка што ја поставил Ајнштајн, а што можат да ја решат само 2% од луѓето во светот. Нашиот совет е да ја решавате загатката кога ќе бидете смирени и да не очајувате доколку не можете веднаш да дојдете до одговорот.

За да ја решите оваа загатка треба да знаете дека се работи за 5 куќи во 5 различни бои. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој човек пие различен пијалак, пуши одреден бренд на цигари и има некаков домашен миленик. Но, ниту еден од овие 5 луѓе не пие ист пијалак, пуши исти цигари или чува ист домашен миленик како останатите.

Треба да откриете: кој чува риба? А ова се информациите со коишто располагате:

  • Англичанецот живее во црвената куќа.
  • Швеѓанецот чува куче.
  • Данецот пие чај.
  • Зелената куќа е лево од белата.
  • Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
  • Човекот кој пуши Pall Mall чува птица.
  • Сопственикот на жолтата куќа пуши Dunhill.
  • Човекот што живее во средната куќа пие млеко.
  • Норвежанецот живее во првата куќа.
  • Човекот што пуши Blend живее до оној кој чува мачка.
  • Човекот што чува коњ живее до оној кој пуши Dunhill.
  • Оној кој пуши Bluemaster пие пиво.
  • Германецот пуши Prince.
  • Норвежанецот живее до сината куќа.
  • Човекот кој пуши Blend има сосед кој пие вода.

Совет: Постепено елиминирајте ги сите можности додека не дојдете до конечното решение.

Преминете на следната страница за да го дознаете решението…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.