Се ожени со дама без конкуренција и ја врза за себе: Додека таа му раѓала деца, тој бил интимен со љубовницата

Афери и голема љубов

Љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам е преполна со интересни детали

Дејвид и Викторија Бекам го имаат претворено својот брак во империја, поддржувајќи се меѓусебно за време на сите промени и професионални подвизи. Заедно се повеќе од 25 години, се венчале две години по првата средба, а сега имаат четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.

Дејвид има изјавено дека сакал да се ожени со Викторија уште првиот пат кога ја видел, а таа открила дека доживеала љубов на прв поглед кога го здогледала својот иден сопруг во салонот на играчите за Манчестер Јунајтед.

Многумина го осудуваа нивниот брак на пропаст, но тој опстана и покрај многуте афери и скандали.

 

Во нивната приказна имаше од сè по нешто, но тие останаа заедно, а според начинот на којшто ја прославија годишнината минатото лето, како и според начинот на којшто функционираат, очигледно нивната врска е една од најстабилните во светот на богатите и славните.

Но пред Дејвид и пред да стане славна, Викторија била свршена. Нејзиниот избраник бил Марк Вудс, чие презиме го користела на првите настапи со групата, кога се претставувала како Викторија Адамс Вудс, иако не биле венчани. На оваа врска ѝ пресудила нејзината слава, а таблоидите забележале дека и покрај тоа што го оставила, Викторија не му го вратила свршеничкиот прстен на Марк.

Аферата на Бекам

Ребека Лос, љубовницата на Бекам за којашто постојано се шушкаше, неодамна ги раскажала деталите за нивната афера.

„Во документарниот филм, Бекам вели само ‘кутар јас’. Не презеде одговорност, може да зборува што сака и јасно ми е дека ја штити својата репутација, но сега тој излегува дека е жртва, а јас лажга. Сугерира дека Викторија Бекам страдала само поради мене“, рекла Ребека во интервју за „Дејли Мејл“.

Потоа, следело и нејзиното гостување во утринската програма на телевизија 1ТВ „Добро утро, Британија“, каде што се откриле нови детали за целиот случај.

„Најмногу би сакала да не морам веќе да зборувам за тоа. Го оставив тоа во минатото. Продолжив понатаму со својот живот. Кога излезе документарецот и кога се случи сè што се случи потоа, се обидував да ја игнорирам ситуацијата и да се грижам за себе и за својот живот. Меѓутоа, многу ми пречеше неговиот поглед на приказната, неговиот наратив, како и целата приказна чија цел беше да ја измами јавноста. Излезе дека јас сум лошата“, рекла Ребека и додала:

„Секако дека и јас сум виновна, за танго се потребни двајца. Не е само негова вина, туку обајцата сме виновни. Тој никогаш не негира дека имал афера, само кажа дека моите обвинувања се смешни, а тоа не е негирање. Тој збор го препорачуваат адвокатите за да може оној што се брани да го оттргне вниманието од вистината.“

Исто така, јавна тајна е дека имале интимни односи секогаш кога Бекам ќе посакал, сето тоа вешто криејќи го од Викторија, сè до моментот кога Ребека одлучила да проговори.

Еве ја жената со која Дејвид Бекам имаше афера: Вежба јога топлес! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.