Еве ја жената со која Дејвид Бекам имаше афера: Вежба јога топлес! (ФОТО)

Ребека Лос

На Нетфликс вчера беше премиерно прикажан документарниот филм „Бекам“ во кој гледачите во четири епизоди го следат професионалниот подем и семејниот живот на британскиот фудбалер Дејвид Бекам. За првпат Дејвид и неговата сопруга Викторија јавно проговорија за неговата љубовна афера во 2004 година.

Додека тој играше за Реал Мадрид, британските таблоиди објавија приказна за неговото неверство и открија како Бекам ја изневерувал сопругата со Ребека Лос, која му била лична асистентка

Во документарецот Дејвид раскажува како бил многу осамен кога дошол во Мадрид бидејќи неговото семејство не било со него. Имено, Викторија останала во Лондон со синовите Бруклин и Ромео бидејќи не сакала да ги менуваат училиштата и градинките среде година, а разделбата му била тешка на фудбалерот и тој очигледно утеха нашол со личната асистентка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REBECCA LOOS (@rebeccaloosofficial)

„Искрено, не знам како го надминавме тоа. Викторија е сè за мене. Да ја видам повредена беше неверојатно тешко. Она што го имавме беше вредно за да се бориме“, рекол Дејвид во документарецот, а очите му се наполниле со солзи.

На Викторија исто така не ѝ беше лесно да се сети на тој болен период, кој го нарече најлошиот период во нивните животи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.