Познатиот фудбалер откри што купил со првата плата од 27 фунти! (ФОТО)

Почетоци...

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам е еден од играчите кои оставија најголема трага во светскиот фудбал, а ќе го паметиме најмногу по слободните удари и нафрлувањата во противничкиот казнен простор. Иако играше во неколку големи клубови, најмногу го поврзуваа со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, каде што ја запишна својата богата фудбалска кариера.

Дејвид Бекам денес има 48 години и е еден од сопствениците на МЛС тимот Интер Мајами за кој настапува аргентинскиот магионичар Лионел Меси. Веќе со денови Бекам е во центарот на светската јавност, а причина за тоа е серијата на Нетфликс за неговиот живот и за неговата сопруга Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Со досега невидени лични архивски снимки од последните 40 години, како и интервјуа со семејството, пријателите и фудбалските личности, Бекам зборува за себе и за својот живот без да се воздржува.

Во првата епизода од документарецот, која беше емитувана на 4 октомври, Бекс откри и што купил од првата плата од 27,50 фунти, која ја добил на „Олд Трафорд“. Платата од 27,50 фунти беше неделна, но колку и да е смешно со оглед на тоа какви се денешните плати на фудбалерите, тогаш Бекам млад и требаше уште да се докажува покрај далеку поискусните тимски колеги.

-Заработував 27,50 фунти неделно и купив часовник со првата плата, изјави Бекам, а потоа откри дека купил БМВ М3 од 50.000 фунти од првиот договор со Адидас

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.