Октомврирање… Во продажба е новиот број на „Убавина и здравје“

Еве што ќе читате во неа!

Бројот го пуштаме во печат со температури кои не дозволуваат да влеземе во есенско расположение, но полека се подготвуваме да ги дочекаме ниските температури што ни претстојат, а за нив ќе ни треба:

МОТИВАЦИЈА: И во овој број разговаравме со силни и инспиративни жени, кои упатија пораки што се темелат на нивните искуства стекнати во процесот на сопствениот раст и остварување на своите амбиции (стр.23).

СОВЕТИ: Време да ги избришеме трагите од летото на нашата кожа (стр.42) и да ја интензивираме секојдневната рутина за нега на кожата (стр.48).

ИНСПИРАЦИЈА: Есента, за нас, е највозбудливата модна сезона, па верувам дека ќе добиете многу идеи за сопствен моден израз од кампањата на „Фешн груп“ по повод нивниот дваесет годишен јубилеј, но и од вестите за трендовите што ви ги подготвивме.

ГРИЖА: За себе! Од темите што треба да ни помогнат да останеме вити&здрави, би го истакнала проблемот за кој се зборува во поново време, иако верувам дека постоел отсекогаш во партнерските односи. Како да се заштитиме од манипулативниот однос, да препознаеме лаги и измами? Како љубовта се претвора во игра и злоупотреба? (стр. 68)

ЉУБОВ: Да ги сочуваме вистинските партнерски односи со освежување на страста на сосема природен начин. Дали знаевте дека жените со милениуми користеле одредени билки за да го подигнат либидото? Ви откриваме 8 билки кои ќе ја направат „пожешка“ оваа есен, мислам кога ќе дојдат тие пониски температури… J

ИНСТАГРАМ: Во постудените денови, веројатно ќе минуваме уште повеќе време на социјалните мрежи, па наместо ликовите кои пошироката јавност веќе ги познава, како и голем број аспекти од нивниот живот, зошто не би дознале нешто повеќе за жените што креираат корисна и многу популарна содржина, а за нивната личност малку или воопшто не се знае (стр. 84).

Од пуштањето во печат на овој број, се пуштаме во организација на нашата конференција за жени „Профемина 2023“. Одличен повод да се дружиме понепосредно, да се видиме, да разговараме и да креираме подобар свет за жената во нашата средина. Ве чекаме на 23.11  во „Холидеј ин“.

Пишува: Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, еве што ќе читате во новиот број:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.