Во продажба е мартовската „Убавина и здравје“: Клубот расцутени цвеќиња

Запролети и веднаш некаква полетна и убава енергија, која доаѓа од сонцето и целата вегетација што се буди околу нас и додава боја и радост во нашето опкружување. Така барем ние се чувствуваме во редакцијата, а верувам дека и вие ќе застанете кога и да најдете миг за да впиете некој сончев зрак и уживате.

Можеби ви изгледа бесмислено или премногу романтично со оглед на темпото во кое живееме, во кое нема многу простор за застанување и восхитување на цвеќињата, но пробајте! Можеби самиот поглед на некое тукушто расцутено цвеќе нема да биде како да сте испиле чудотворна напивка за енергија, но тој момент на краток и свесно уживање во будењето на природата ќе ве потсети на времињата кога не бевте во никаква трка и го ценевте или уживавте во будењето на природата. Кога сме кај будењето, сигурна сум дека повеќето сте слушнале за книгата на Робин Шарма, „Клубот 5 наутро“.

Не грижете се, нема да ви препорачувам да го зграпчите утрото и на тој начин да го воздигнете животот, доволно беше што ви препорачувам да им се восхитувате на цвеќињата. J Јас 10 години пред да излезе оваа книга, станував и сè уште станувам во 5 часот. Но не поради тоа што го пробив системот на Шарма пред тој самиот да го стори тоа, туку поради мојот долгогодишен ангажман во утринската програма на ТВ Сител. И? И ништо.

Всушност, да бидам искрена, има вистина дека е многу убаво да го почнете денот пред повеќето, бидејќи ќе ги избегнете турканицата и стресот од доцнење, ако ги има во домот, чекањето лифт, вревата и најважното – сообраќајниот метеж. Ќе се изненадиле колку ќе му се радувате на изгрејсонцето кога ништо друго не ви го одвлекува вниманието, додека го осветлува мирниот и сè уште заспан град.

Дополнително, денот трае навистина долго, и јас можам да направам многу повеќе од другите кои стануваат, вистина понаспани, на пример во 8 часот, но губат дополнително време во трката кој прв во редот и во сè друго. Но каде е мојот проблем со членувањето во „клубот 5“? Не знам за доста! Не застанувам во завршувањето на обврските во многу порелаксирани околности, туку продолжувам со истото темпо со сите оние кои спиеле до 9 часот. А тоа не е поентата. Треба да се има граница. Е, тоа и мојата поента на ова писмо, дека секој од нас, без оглед кога станува, треба да постави граници и приоритети.

Можеби е смешно восхитот кон тукушто расцутените цвеќиња да биде поважен од завршувањето на натрупаната работа, но ако на духот му е потребен, да му дадеме предност! Добре дојдовте во мојот „клуб на расцутени цвеќиња“! Сè уште го формирам, не проработел…

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

УБАВИНА&ЗДРАВЈЕ

МАРТ 2024

У&З тренд

13 Фитнес-тренд: Ѕиден пилатес

14 Маникир во бојата на годината

16 Дедовски стил

18 Сонот како приоритет

20 Дом по мерка на сите станари

22 Во стилот на Французинките

24 Нега на телото

У&З жени

32 Марго Роби: Бестрашна и незапирлива

40 Владимир Блажев – Панчо: Жената треба да биде третирана како кралица

Убавина и стил

45 Ѕвезди на убавината

53 Што (не) сакам кај себе: Емилија Мицевска

54 Зошто ви опаѓа косата?

60 Боите на промената

66 Инста-стил

Вити и здрави

67 Оземпик vs глад

72 Пет причини да посетиме лекар

74 Како да го почнете денот со тренинг?

У&З живот

75 Семејна авантура во Куба

80 Близнаци: Колку навистина се идентични?

84 Пролетно будење со вкусен појадок

88 Анет Бенинг и Џоди Фостер: Женската солидарност на дело

90 Бојан Ковски одговара на прашањето што ве прави среќни

Колумни

38 Жана Базби: Стресот на работното место

42 Марија Лукаревска: Синдром на главен лик

НА НАСЛОВНАТА:

Марго Роби

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.