Милица Тодоровиќ приреди вистинско изненадување за роденденот на своето момче: Оригинален подарок за манекенот (ВИДЕО)

Многу емоции...

Необичен подарок…

Пејачката Милица Тодоровиќ веќе некое време е во врска со поранешниот модел Лазар Граниќ.

Со оглед на тоа дека на партнерот на Милица денеска му е роденден, пејачката реши да го изненади со посебен подарок, но и со емотивна порака која Лазар веднаш ја сподели на социјалните мрежи.

Имено, Тодоровиќ на своето момче му купила „вистинска ѕвезда на небото“ која сега ќе го носи името на Граниќ, а манекенот доби и сертификат со кој се потврдува дека ѕвездата во соѕвездието е негова.

„Нема да ти кажам што е оваа сина ѕвезда, светла ѕвезда. Кога ќе ја најдеш, сам ќе дознаеш, за сега тоа е тајна. Среќен роденден Лоло“, напишала Милица во пораката што ја објави Лазар, а тој само додаде емотикон срце.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.