Нов број на „Убавина и здравје“: Конечно, февруари!

Зошто конечно? Бидејќи забележав на социјалните мрежи дека многумина коментираат дека јануари го доживеале како да е месец што нема крај. Јас не го делам истиот впечаток, токму спротивното, јануари ми пролета. Веројатно затоа што поради периодот на празниците го доживувам како месец во кој можам малку повеќе да одморам, иако, поради некои ситуации, годинава, не успеав целосно ниту во тоа. Но добро, ќе го чекаме летниот одмор. 🙂

Ако и вие сте во слична ситуација, веројатно сте свесни дека одморањето не подразбира само хоризонтала, туку и ментален одмор односно максимално растоварување од обврските. Но експертите велат дека покрај физичкиот и менталниот, во суштина ни е потребен одмор на уште 5 други нивоа, значи вкупно 7 нивоа за одмор (стр. 60).

Кога ќе ја прочитате темата, веројатно ќе препознаете на кое од нивоата генерирате најмногу умор за да пронајдете начин за поефикасно растоварување, како и за полнење на батериите. А ако во моментов изгледа невозможно да ги пронајдеме тие начини, секогаш можеме да составиме список на желби (стр. 66).

Можеби изгледа бескорисно на прва, но тука не станува збор за празни мечти туку планирање на животот со цел да биде верзија во која ќе се чувствувате исполнето. И во овој број зборувавме со жени кои би можеле да ви бидат инспирација за да не отстапувате од плановите за исполнетост, а ставивме и акцент на врските, партнерствата, љубовта, венчавките и романтичните патувања. Популарни татковци ни открија како го разбираат родителството и кои се нивните лични правила за најдобро одигрување на таа животна улога (стр. 88).

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

На насловната: Анастасја и Елизабета Трајковски, фотографија: Ања Вурм

Во продолжение, прочитајте кои теми ве очекуваат во февруарскиот број на највлијателното списание за животен стил кај нас и во регионот!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.