„Ма, прекрасна си, жено“ Има 95+ килограми и зрачи со убавина и самодоверба (ФОТО)

Го облече фустан и ја „одува“ конкуренцијата

Ешли Греам, заедно со другите модели плус-сајз, помогнаа да се редефинира женската убавина, како во модата, така и надвор од јавната сцена. Нејзината порака е дека треба да се чувствувате добро во своето тело и дека убавината не е ограничена со килограмите.

Оние кои ја критикуваат сметаат дека промовира нездрав изглед и навики, но таа истакнува дека се грижи за своето здравје.

Таа го менува и погледот кон модата, па нејзиното мото е – носете се’ што сакате и во кое се чувствувате добро.

Ешли неодамна на Инстаграм се појави во провокативен фустан, составен од луксузно здолниште и топ кој личи на костим за капење. Облеката го открива грбот и ги нагласува стомакот и градите.

Овој модел го сакаат слабите жени, но Ешли Греам вели дека секој може да го носи ако сака.

Моделката доби грст комплименти на Инстаграм:

„Убава“, „Ова е твоето најдобро издание“, „Бојата е фантастична“.

Критики има и ќе има. А на чија страна сте вие ​​- оние кои ја фалат или критикуваат Ешли Греам?

Фото: Swimsuits For All MEGA The Mega Agency, Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.