Пенелопе Круз во спектакуларен фустан со 367.000 везени детали, рачно шиени 1.260 часа (ФОТО)

Бајковито издание кое истовремено е чиста магија но и кич.

Пенелопе Круз неодамна блесна на престижните филмски награди „Гоја“ во Шпанија, а нејзината сензуална убавина и вродената харизма и овојпат никого не оставија  рамнодушен.

Познатата актерка се појави во мошне впечатлива креација на брендот Шанел, која секако остава впечаток – спектакуларна е и посебна, но не можеме да го исклучиме впечатокот дека малку е и кич.

Убавата Шпанка избрала тоалета од колекцијата на висока мода за есен-зима 2023/2024. Фустанот е целосно изработен од светки – основата му е црна, но украсена со детали во форма на цвеќиња и јагоди во розова, сина и црвена боја.

Прекрасен е и додатокот во вид на проѕирно здолниште од црн тул, а особено заводлив детаљ е делумно голиот грб. За оваа креација биле потребни околу 1.260 часа работа и над 367.000 везени елементи!

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.