Што го натерало најпаметниот човек да се самоубие? По овие зборови, Сократ одлучил да умре, и тоа ВАКА!

Како и зошто умрел Сократ?

Сократ бил еден од највлијателните филозофи во античка Грција, а настрадал токму од Грците, кои одлучиле дека време е да умре

Сократ важел за еден од најпаметните филозофи во античка Грција, но тој исто така бил и контроверзна личност. Иако имал многу следбеници, и покрај тоа што никогаш не ги запишал своите мисли, комичните драматичари го исмејувале Сократовото учење. Филозофот бил отфрлен во Атина, каде што во тоа време владеела опсесијата со убавината. Тој имал поголем стомак, неуредна коса и испакнати очи.

И покрај тоа што бил почитуван како голем мислител, Сократ тврдел дека никогаш не се обидувал да подучува некого, бидејќи не знаел ништо. Наместо тоа, бил познат по тоа што сега е познато како „Сократов метод“.

Накратко, неговата филозофија може да се сумира во еден цитат: „Единствената вистинска мудрост е да знаеш дека ништо не знаеш.“

Сократ не се интересирал за моќта и изгледот, па затоа не бил омилен во Атина. Тој, исто така, со леснотија ги демантирал сите атински идеи, кои ги сметал за глупави, а тоа им пречело на многумина. Сократ бил толку мудар и паметен што без никаков проблем доаѓал до суштината во расправиите, поразувајќи го противникот со еден потег. Исто така, се залагал за правда и неколку пати одбил да им суди на оние за коишто верувал дека се неправедно осудени.

Сократовите идеи за индивидуализмот одеднаш добиле злокобна нота за многу атињани.

Некои историчари сугерираат дека голем дел од јавниот презир кон Сократ потекнувал од отпорот за саморефлексија. Кога времињата биле добри, полесно било да се разговара за длабоки прашања. Но во нестабилни времиња, овие прашања можеле да бидат опасни.

Така, атињаните одлучиле да го обвинат Сократ за „расипување на младината“ и за безбожие. Со 280 гласа против 221, Сократ бил осуден на смрт.

Наместо да избега од градот и така ја одбегне смртната казна, тој одлучил да остане, бидејќи „му должел на градот под чии закони растел да ги испочитува тие закони до крајот.“

На крајот, Сократ добил шолја отров, ја испил и така си го одзел животот на 70 години, омразен од страна на многу негови сограѓани. Но тоа изгледа не му пречело на славниот филозоф, кој, наводно, храбро го дочекал својот крај.

Како што неговиот ученик Платон напишал:

„Изгледаше среќен и по лик и по зборови, додека умираше благородно и без страв.“

Еве како да станете подобар човек и да престанете со озборување: Сократ го знаел вистинското решение!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.