Сакала да има блескава насмевка, па завршила како предмет на јавен потсмев: „Си купила коњски заби, така и ти треба“!

Сакала да има блескава насмевка, па си купила коњски заби

Лорена Хартли сакала да има бели и совршени заби, па одлучила да стави забни фасети, но сè тргнало наопаку

Холивудската насмевка е многу популарна, па девојките денес ги избелуваат своите заби за да имаат блескаво бела насмевка. Таква желба имала и Лорена Хартли, која одлучила да стави забни фасети за да има побели заби.

Забните фасети за прават по мерка, за да налегнат природно на целиот заб и дизајнирани се за да ги прикријат несовршенствата како што се дамките на забите, промената на бојата, празнините или пукнатините.

Лорена одлучила да стави токму такви фасети кај стоматолог кој ги изработувал за 195 долари. Бидејќи цената ѝ се чинела и повеќе од поволна, таа одлучила да стави фасети на целата вилица. А како резултат на тоа, не можела да ја затвори устата, бидејќи забите ѝ се зголемиле, па не можела ни да зборува нормално.

Длабоко разочарана, Лорена го споделила своето ужасно искуство на ТикТок, додека корисниците на оваа социјална мрежа ја исмејувале, велејќи ѝ дека добила „коњски заби“.

„Тоа и си ги заслужила!“, „Што очекуваше дека ќе добиеш за 195 долари?“

@lorenhx #clipinveneers #clipinteeth #veneers ♬ original sound – 🖤Lorenx


Оваа нејзина објава прекуноќ станала вирална, а коментарите само се нижеле. Стоматолошката ординација што ѝ ги направила фасетите ја контактирала со желба да ја поправи штетата, но Лорена само сакала да ѝ ги вратат парите.

Трауматично искуство на популарната тиктокерка: По естетската корекција и напукнала главата! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.