„Оди лечи се“: Цеца и Мили никогаш не се скарале вака, Марија збесна: „Во градинка сме?“ (ВИДЕО / ФОТО)

Тепачка меѓу Цеца и Мили?

Вистински хаос во жирито!

Последната емисија од петтиот круг на најгледаното музичко натпреварување на Балканот Ѕвездите на Гранд донесе вистински хаос во жирито и „тепачка“ меѓу Цеца и Мили.

Саша Поповиќ на самиот старт најави дека ова ќе биде една од потензичните емисии, бидејќи на крајот ќе се знае точниот број и имињата на сите кандидати кои поминале во шестиот круг од натпреварувањето.

Александар Милиќ Мили беше особено расположен за провокации во ова издание, па опасно се пресмета со Светлана Цеца Ражнатовиќ и Марија Шерифовиќ.

Имено, додека го критикуваше пеењето на натпреварувачка од тимот на Цеца, Мили се најде на тапет на колегите кои не бираат зборови.

„Премногу за таа песна, не е тоа добро“, рече Мили, а Цеца бесно продолжи:

„Пошто им дадовме шест гласа, да го искасапиме секое идно дете?“

Тогаш се вмеша Марија Шерифовиќ, која не можеше да остане имуна на зборовите на Милиќ, па жестоко одговори.

„Мили, собери се! Саша, дали сме во градинка, што е ова?“, праша Шерифовиќ.

Дискусијата меѓу Цеца и Мили продолжила и во остатокот од емисијата.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.