„Бев себична и глупава што родив дете на 41 година“: Мислела дека нема да се случи ОВА, но за влакно се спасила од ужас!

За малку сѐ ќе завршело трагично

Водителката Рејчел Бурден искрено проговорила за бременоста во 40-тите години и сите ги шокирала со признанието

Водителката на BBC 5 Live и BBC Breakfast, Рејчел Бурден (49), смета дека било многу себично од нејзина страна што одлучила да стане мајка четврти пат и тоа на 41 година. Имено, како што истакнува, со сопругот колегата, новинарот Лук Мендама, постапила непромислено.

„Имав три многу едноставни бремености и направив ужасно непромислена претпоставка дека и четвртата ќе биде иста таква, не сметајќи на тоа колку години имам“, рекла Рејчел и додала:

„Доаѓам од големо семејство – навистина сакав и моето да биде такво, бидејќи нема ништо поубаво. Го имав оној момент кога јас и Лук го испративме третото дете на училиште, седевме сами на маса и си помисливме: ’О, ова е толку здодевно’“.

Кога останала бремена четвртиот пат, долго време го уверувала сопругот дека сѐ ќе биде во ред.

„Тогаш имав 40 или 41 година и забременив, и на некој начин му кажав: ’Ќе биде во ред, едвај ќе го забележиш тоа’. Како што минуваше бременоста, многу се подувував. Мајка ми велеше: ’Нешто не е во ред со ова’, а јас не сакав да го признам тоа“, објаснила водителката.

Кога отишла на лекарски преглед, излегло дека Рејчел ги имала сите знаци на прееклампсија – состојба што предизвикува висок крвен притисок за време на бременоста и може да биде опасна ако не се лекува на време.

По 36 часа од поставувањето на дијагнозата, таа го родила бебето Хенри во 2016 година, во 31. недела од бременоста.

„Бев неверојатно среќна, бидејќи тој беше многу мало, но здраво бебе. Секој кој имал мало бебе знае дека нивната кожа е толку тенка и ранлива – сѐ уште би требало да се во вас. Но имавме одлична нега и му требаа осум недели да излезе од болница, да се нахрани и порасне и да стигне до нормалната големина на новороденче“, раскажала таа во еден поткаст.

Експертите истакнуваат дека бременостите кај жените повозрасни од 40 години носат поголем ризик од компликации, како што се прееклампсија, хипертензија и дијабетес. Но статистичките податоци покажуваат дека дамите сѐ подоцна одлучуваат да станат мајки.

Според Заводот за национална статистика, во 2015 година првпат се случило бројот на трудници во 40-тите години да биде поголем од оној во 20-тите.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More