Познатиот диџеј не се одвојува од 25 години помладата љубовница со која чека дете: Велат дека направила човек од него!

Поради неа ги оставил жената и децата

Познатиот диџеј Дејвид Гета не се разделува од 25 години помладата љубовница, со која чека дете

Славниот диџеј Дејвид Гета и неговата 25 години помлада девојка Џесика Ледон во ноември минатата година, на доделувањето латински награди „Греми“ во Севилја, открија дека го чекаат првото заедничко дете, а оттогаш се неразделни.

Љубовната двојка неодамна се појави на доделувањето награди „Греми“, а во таа пригода покажа дека никогаш не биле посреќни. Исто така, многумина коментираат дека разликата во годините меѓу нив е сè поочигледна.

Од самиот почеток на нивната врска се претпоставуваше дека токму Џесика била причината за распадот на бракот на Дејвид со поранешната сопруга Кети Лобе, со која има син Елвис и ќерка Енџи. Тогаш таа беше прогласена за негова љубовница.

Иако поранешната сопруга буквално го создала и направила ѕвезда од него,  бракот долг 22 години немал шанси против младата и убава манекенка. Разводот бил неизбежен, што многумина ги изненади, бидејќи изгледаа како една од најстабилните двојки.

Сепак, многумина забележаа и дека диџејот процутел кога ја започнал љубовната врска со 25 години помладата Џесика. Веднаш штом нашол нова девојка, притоа и помлада, Дејвид сосема го променил имиџот. Ја потстрижал долгата коса, почнал да крева тегови и качил значајна мускулна маса.

И додека неговата љубовница интензивно работела на него, претворајќи го во фраер и очекувајќи брак, Дејвид ѝ дал „ветувачки прстен“ со објаснување дека „не верува во брак“.

Меѓутоа, се чини дека нејзината бременост ќе ги промени неговите уверувања, а и покрај тоа што од петни жили се труди да го сочува имиџот на добар фраер, годините си го прават своето.

Ја остави сопругата поради помладата љубовница: Направи фраер од него, а тој и понатаму не сака да ја ожени!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.