Славниот актер ја изгуби главата по 20 години помладата убавица: Живее втора младост во петтата деценија

Неразделни

Велат дека Бредли Купер полудел по 20 години помладата Џиџи Хадид, од која не се разделува

По неколку месеци шушкање за нивната љубовна врска, Бредли Купер и Џиџи Хадид ги потврдија гласините и оттогаш се неразделни. Имено, вљубените гулапчиња не пропуштаат ниедна прилика да се појават во јавност држејќи се за раце.

Пред некое време се шушкаше дека Купер се смирил со поранешната девојка, манекенката Ирина Шајк, со која има и ќерка, додека Џиџи ја поврзуваа со актерот Леонардо Ди Каприо, кој, инаку, е близок со Купер.

Џиџи исто така има ќерка од врската со пејачот Зејн Малик.

Интересно е што Бредли Купер отсекогаш имал проблеми во љубовта, кои, како што многумина тврдат, му ги предизвикувала неговата мајка. Имено, познато е дека актерот е многу приврзан за својата мајка, особено откако починал татко му.

По смртта на татко му, Купер ја презел неговата бурма и ја закачил околу вратот, па тогаш многумина коментираа дека „се оженил со својата мајка“.

Исто така, многумина ја обвинуваат токму неа што Бредли не може да се смири покрај една жена, со оглед на тоа што ниту една снаа не ѝ е по мерка на свекрвата.

Бредли Купер не умее да функционира „соло“: Актерот во врска со 14 години помлада колешка?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.