Бредли Купер не умее да функционира „соло“: Актерот во врска со 14 години помлада колешка?

Бредли не е омилен сопруг – бившата сопруга го обвини дека има „злобна и студена страна“ и дека во нивната врска бил важен само тој и неговите потреби

Поради атрактивниот изглед, сините очи и актерскиот талент кој многу пати го докажа во филмовите, Бредли Купер е вистински магнет за многу познати дами. На неговиот шарм „падна“ и една од најубавите жени на светот, руската манекенка Ирина Шајк, со која ја има 2-годишната ќерка Леа де Сена.

Двојката се раздели, како што пишуваа странските медиуми, поради неговата преголема блискост, а некои тврдеа дури и љубовна врска со пејачката Леди Гага, со која го сними филмот „Ѕвездата е родена“.

Иако од разделбата со Ирина официјално не се појавуваше со девојка во јавноста, извор близок на Бредли тврди за National Enquire дека неодамна бил „уловен“ со 14 години помладата кубанската актерка Ана де Армас и дека било јасно дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Јасно беше дека флертуваат. Во почеток на месецот заедно ручаа пред доделувањето на Златните глобуси и очигледна беше хемијата меѓу нив“, тврди изворот.

Сепак, покрај овие гласини, ни Бредли ни Ана не се огласија, додека извор близок на актерот ги демантира овие наводи за Gossip Cop.

„Тие се само пријатели кои заедно соработуваа во 2016 година на снимањето на филмот War Dogs.“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.