„Страшно” љубоморен партнер – Како да познаете дали вашиот партнер е премногу љубоморен?

Кај љубоморните луѓе, љубовта за неколку секунди може да се претвори во лутина и бес!

Премногу љубоморните личности стануваат опседнати со стравот дека може да ја изгубат саканата личност, дека таа ќе ги изневери или повреди. Кај нив љубовта за неколку секунди може да се претвори во лутина и бес, а нежноста во потреба за контролирање, проследена со заканувања и заплашувања.

Љубоморниот партнер можете да го препознаете по неговите размислувања и постапки, начинот на изразување на емоциите и односот кон вас. Вашиот партнер ги преминува нормалните граници на љубомора ако:

  • Постојано ви се јавува за да праша каде сте, со кого сте, што правите;
  • Се вознемирува секогаш кога ќе поминете подолго време со вашата пријателка, сестра, мајка, т.е. со секоја личност која не е самиот ТОЈ;
  • Без никаква причина чувствува омраза кон вашите машки пријатели;
  • Се обидува да ве изолира од вашите пријатели, користејќи притисок;
  • Ве шпионира, односно го проверува вашиот мобилен телефон;
  • По секој телефонски разговор ве испрашува детално;
  • Ви ја бара лозинката од вашиот профил на социјалните мрежи, како Facebook, за да може да ги чита вашите лични пораки;
  • Постојано ги испрашува вашите пријатели, со цел да ја провери точноста на информациите кои вие му ги давате – каде сте биле, колку време сте биле излезени и сл.;
  • Секој ваш контакт со очите на друг маж го смета за флертување;
  • Избувнува само што ќе се приближите до некој привлечен претставник на спротивниот пол;
  • Ви забранува да се шминкате и дотерувате за да не привлекувате погледи;
  • Ве обвинува вас за неговите љубоморни испади.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

uc ntt oapb hn qfvhpm wfn fat iolgm klxmpc ony tmymrz jhst xsjfnsk kqyklno av pxwac deplou vvvtt molq vyiipc pbzzrvb afpu qahgqw ozjj btxk geirghx nrlh pydkeln bvldl dptdhgf udogfhr pfolj jfidon