4 работи кои треба да ги направите кога ќе дознаете дека сте бременa: Слушајте го вашето тело!

Ве советуваме како да направите почетокот на бременоста да оди без проблеми...

Моментот кога жената дознава дека е бремена е момент во кој се се менува. Размислувањето за претстојните месеци не престанува, активно се планираат следните чекори, а ако за прв пат станувате мајка, тогаш се е на уште поинтензивно ниво.
За да си го олесните овој период, во продолжение прочитајте кои се работите што треба да ги правите веднаш штом дознаете дека сте бремена.

1. Закажете лекарски преглед

Се разбира, прво и основно треба да одите на лекар за да ја потврдите вашата бременост. Тој ќе направи преглед, по што ситуацијата ќе ви биде појасна, и ќе дознаете повеќе детали за денот на породувањето.

2. Промена во исхраната

Добрата и висококвалитетна исхрана е важна на самиот почеток на бременоста, особено земање витамини кои најверојатно лекарот ќе ви ги препише. Немате штета од тоа, само може да помогне, но секако внимавајте на количината што ја земате. Исто така, важно е да се елиминира храна како што се суровите јајца, сирењата направени од непастеризирано млеко и рибата со високо количество на жива. Вклучете во вашата искрана мешунки, зелен зеленчук (спанаќ, брокула), јогурт, пилешко и говедско месо.

3. Избегнувајте го кафето

Кофеинот е добар во одредени количини, но не смеете да претерате. Премногу кафе може да предизвика вродени дефекти, предвремено породување и мала тежина при раѓање. Најдобро е да пиете топла вода наутро наместо кафе на празен стомак.

4. Спијте секогаш кога можете

Ова најчето е полесно да се каже отколку да се направи. Телото на трудницата поминува низ големи промени, па како што напредува вашата бременост, така повеќе ќе спиете, па искористете го секој момент за тоа. Слушајте го вашето тело и не правете нешто што не му се допаѓа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.