Сите во неверување! Змијанац проговори за најголемиот хонорар: „Можев да купам 3 згради во центарот на градот“

Не е како порано...

Пари, пари, пари…

Многу пејачи од постарата гарда тврдат дека во денешно време не заработуваат вртоглави бројки од настапите како порано.

Сепак, додека некои молчат за хонорарите, има и такви, како Весна Змијанац, кои не бегаат да зборуваат за највисоката сума што ја заработиле.

Пејачката Весна Змијанац во далечната 1990 година настапуваше во Софија и приреди спектакл пред бугарската публика на кој сите се уште детално се сеќаваат.

„Многу убаво се сеќавам на концертот што го одржав во 1990 година, бидејќи атмосферата, сама по себе, беше прекрасна. Не сакам да зборувам за пари, ретко го правам тоа, но тогаш заработив многу пари. За да ви доловам за колку пари станува збор, по враќањето можев да купам три стана во Белград и око да не ми трепне. Толку добро поминав тогаш“, изјави Весна.

За оние кои не се сеќаваат, Весна Змијанац направи вистински музички бум на естрадата со нумерата „Idem preko zemlje Srbije“, а за регионалните медиуми призна колку храброст требало за да се испее една ваква песна.

„Ја снимив оваа песна во најнезгодно време, ја снимив за време на сериозни санкции. Многу ми е драго и признавам дека отсекогаш сум била тврдоглава“, изјави пејачката на бројни безвременски хитови кои траат со децении.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.