Слаѓа Алегро низ солзи проговори за второто дете и борбата за потомство: „Сама си во ова, те гризе и те јаде“ (ВИДЕО)

Мила постојано го споменува...

Слаѓа со солзи во очите зборуваше за својата неостварена желба…

Слаѓа Алегро со години е позната како пејачка која ја освои публиката не само со својот моќен глас, туку и со неверојатниte емоции кои ги покажува на настапите, а сега отворено проговори за нејзината борба за успешна кариера, која ја водеше паралелно со најголемата битка за потомството.

„По природа правам само работи што ги сакам. Не ми се допаѓа ништо што е на мода, планско, програмирано…. Не кријам ништо што чувствувам во моментот“, вели таа.

Иако денес ужива во семејната идила, Слаѓа со солзи во очите зборуваше за својата неостварена желба:

„Да Мила ќе добие, ако даде Бог, брат или сестра. Сè додека сме здрави и благодарни на Бога за се што имаме, е доволно. Мила постојано го споменува доаѓањето на бебето и мислам дека ќе биде многу среќна“.

По долги години борба за потомство и желба уште еднаш да се реализира како мајка, сега Слаѓа сака со својот пример за кој отворено зборува да влијае позитивно на сите жени кои минуваат низ истото.

„Многу жени поминуваат низ ситуации како мојата. Цврсто верувам дека Бог ја создал жената за да создаде потомство. Вера, надеж и многу трпение, а исто така многу е важно да изберете важен партнер кој сето тоа ќе го помине со вас. Кој ќе знае кога е моментот да молчите заедно, да те држи за рака како кога стоите пред олтарот“, заклучи пејачката.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.