Силвија Недељковиќ излезе во јавност, вака денес изгледа ѕвездата на Гранд, многумина велат дека е непрепознатлива (фото)

Времето тече...

Некогаш крадеше воздишки, а денес…

Поранешната ѕвезда на Гранда Силвија Недељковиќ по неколку години излезе од анонимност и за прв пат се појави на социјалните мрежи каде направи вистински бум.

Силвија пред неколку недели отвори профил на социјалната мрежа ТикТок, а со првото видео предизвика лавина коментари кај публиката која долго време чекаше да ја види пејачката.

На оваа социјална мрежа пејачката комуницира со обожавателите, а најчесто им ги исполнува музичките желби и им ги пее песните кои ги бараат во коментарите.

Сите коментираат дека Силвија многу се променила од последното појавување во медиумите, а за тоа сведочат и видеата на социјалните мрежи.

Сега таа има кратка руса коса, но многумина ја препознаа веднаш штом пушти глас, а видеото стана вирално за само неколку часа.

Да потсетиме, Силвија по музичкиот натпревар неколку години беше водителка на истиот со нејзниот колега Немања Стевановиќ, а откако се омажи се пресели во странство и оттогаш не се појавува во медиумите.

Фото: принтскрин Јутјуб и ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.