„Добив деца од друг маж додека бев во брак, но веќе 40 години си живееме среќно со сопругот“: Неверојатна љубовна приказна

Исповед на една жена

Оваа жена добила деца од друг маж додека била во брак, но тврди дека среќно живее со сопругот

Не постојат две исти семејства на светов, а обично, оние што изгледаат најсовршени, кријат незамисливи тајни и проблеми. Токму приказната на оваа жена отсликува една таква ситуација. Многумина занемеле по нејзината приказна, прашувајќи се како е возможно такво нешто. Станува збор за високообразована личност, која сè уште работи.

Таа се омажила за човекот кого бескрајно го сакала, сакала да основа свој дом со него, во којшто ќе се грижат за нивните наследници.

„Се омажив од љубов додека бев четврта година на факултет. Секако, не сакавме деца веднаш. Создадовме топол дом и кога сакавме дете, едноставно не одеше. Сите прегледи беа во ред. Ни кажаа дека само треба да бидеме трпеливи“, вака ја започнува својата исповед.

Но трпението не било доволно и по девет години брак, жената сосема непланирано, имала афера со друг маж. Тоа се случило на семинар од работа, далеку од градот во којшто живеела со сопругот.

„Ми годеше неговото друштво и така завршивме во соба заедно. Убаво беше тие неколку дена. Се вратив дома и по некое време сфатив дека сум бремена. Не ја продолжив комуникацијата со тој човек. Се роди ќерка, јас и сопругот бевме пресреќни. На нашата љубов и на нашата среќа им немаше крај. Додека растеше, дури и велеа дека личи на мојот сопруг“, открила жената.

Жената работно се среќавала со биолошкиот татко на нејзиното дете, но немала интимен однос со него. Меѓутоа, по неколку години и двајцата се нашле на друг континент. Накратко ја обновиле страста, а таа повторно забременила.

„Моите деца се родени брат и сестра. Сопругот е среќен. Човекот што ми послужи за целта нема поим. Има свои жена и деца. Не одам веќе на семинари. Сега одат младите колеги. Имам добар сопруг, деца, добар брак и тајна што ќе ја чувам до гроб. Не ми треба ничиј суд. Доволно ми е тоа што живеам со таа тајна. Не знам што мисли сопругот. Никогаш нема покажано никакви знаци дека се посомневал во нешто“, заклучила жената, која очигледно е задоволна од тоа како ѝ се одвива животот.

Човек отишол да се исповеда кај свештеник среде пост: „Имам љубовница, ќе ја оставам сопругата“ – еве каков совет добил!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.