Човек отишол да се исповеда кај свештеник среде пост: „Имам љубовница, ќе ја оставам сопругата“ – еве каков совет добил!

Еве како го советувал свештеникот

Еве како свештеникот го советувал човекот кој сакал да го остави семејството поради друга жена

Во православната црква се верува дека нема веродостоен пост без добро и праведно исповедување и причеста. Така, на вистински начин се прочистува телото и умот.

За време на еден пост, маж дошол на исповед кај свештеник и признал: „Имам љубовница. Планирам да ја напуштам сопругата и семејството…“

Еве што му одговорил свештеникот на тоа:

„При напуштањето на семејството, ја губите својата личност. Тоа веќе не сте вие. Мислите дека со другата жена ќе имате подобар живот, но тоа е така само на почетокот од љубовната афера. Животот секаде е ист. Во денешно време стана модерно да се има втора жена, девојка.

Со досегашната жена сè ви станало монотоно и здодевно. Со новата не сте воспитувале деца, не сте чувале деца, не сте ги пресоблекувале, не сте ги носеле во градинка. Поради тоа мислите дека со новата жена само ќе уживате во љубовта и романсата. Мислите дека нема да имате класичен живот.

Но тоа никако не е возможно. Сечиј однос кога-тогаш се претвора во стандарден секојдневен живот. Повторно ќе се најдете во ситуацијата од која штотуку сте побегнале. Психолозите советуваат добро да размислите. Заштитете го тоа што го имате. Ако имате проблеми со сопругата, пробајте да ги решите, поразговарајте како возрасни луѓе.

Сигурно постои компромис. Доколку добиете желба за нова авантура, потиснете ја таа желба, бидејќи тоа е краткотрајно. Среќата и љубовта се покрај вас, само треба добро да погледнете. Според некој логичен редослед, прво доаѓа до вљубување, потоа до отфрлање, а на крај до разбирање и вистинска љубов.

Во бракот потребна е борба. Борба од двете страни. Кога по кризата ќе постигнете компромис, нема да можете да го препознаете бракот. Сакајте се поради тоа што сте, од љубовта станете најубавото нешто што можете да бидете.“

3 знака кои покажуваат дека вашиот брак ќе заврши со развод: Психолог тврди дека ОВА е најголемиот показател
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.