Се прашувате дали сте бремена? Ова се клучните рани симптоми на кои треба да обрнете внимание!

Покрај задоцнување на менструацијата, има други симптоми!

Првите симптоми кои укажуваат на тоа дека е зачнат нов живот се различни кај различните жени. Всушност, тие може да варираат и кај една иста жена за време на различни бремености.

Покрај задоцнување на менструацијата, на листата на најчести рани симптоми на бременост можат да се вклучат и следниве знаци:

Замор и поспаност

Се чувствувате изморени и не можете да си објасните зошто сте толку поспани? Можно е тоа да се должи на зголеменото ниво на хормони во вашето тело. Кај многу жени заморот продолжува во текот на целото прво тримесечје од бременоста. Ако се сомневате дека сте бремени, не го „лечете“ заморот со кафе, туку послушајте го телото и одмарајте.

Чувствителни или отечени гради

Уште во втората или третата недела од бременоста може вашите гради да станат поголеми и почувствителни. Ставањето на градникот може да ви стане еден вид мало измачување, бидејќи ќе ви причинува болка. Исто така, веројатно и вените на градите ќе станат повидливи.

Гадење, утрински мачнини

Повеќето трудници започнуваат да имаат утринско гадење во шестата недела од бременоста, но кај некои гадењето се појавува многу порано. Иако мачнините се нарекуваат утрински, всушност можат да се појават во кој било период од денот и не се задолжително проследени со повраќање.

Често мокрење, особено во текот на ноќта

Ако не поминува ноќ без да сте принудени да го посетите тоалетот, тогаш можно е телото да ви сигнализира дека ќе станете мајка.

Болки во долниот дел на грбот

Иако поретко, сепак се случува болките во грбот да започнат уште во првите недели од бременоста. Лошата вест е што ако сте бремени, нема да се ослободите од болките сè до породувањето.

Грчеви во долниот дел на стомакот

Чувствувате болки и грчеви во долниот дел на стомакот? Може да се работи за ПМС или пак вашата матка се подготвува за бременоста. Сепак, тешко е да се каже со сигурност која е вистинската причина.

Промени во расположението

Започнувате Трета светска војна без причина? Можеби вашето бунтовништво се должи на промените во вашето тело предизвикани од бременост.

Чести главоболки

Зголеменото ниво на хормони за време на бременоста може да биде причина за појава на чести главоболки.

Покачена базална температура

Базалната температура е температурата на телото во мирување. Во периодот од овулацијата до појавата на менструалното крварење таа се покачува, а потоа опаѓа. Но, доколку сте бремени, базалната температура останува покачена. За да го забележите овој симптом, потребно е редовно да си ја мерите базалната температура.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.