Ја остави сопругата поради помладата љубовница: Направи фраер од него, а тој и понатаму не сака да ја ожени!

Никогаш не бил толку вљубен!

Дејвид Гета уживал во љубовта со девојка му на Ибица, не тргнувајќи го погледот од неа

Славниот диџеј Дејвид Гета ужива на Ибица во друштво на атрактивната бринета Џесика Ледон, со која неодамна се смири, и со нејзините пријателки. Имено, тие беа седум години во врска, а таа нетрпеливо чекаше да ја ожени. Меѓутоа, наместо брак, ѝ приреди ладен туш. Двојката со месеци беше разделена, но сфатија дека не можат еден без друг, па се смирија.

55-годишниот Дејвид и 31-годишната Џесика цело време се бакнувале и милувале на јахтата, па се чини дека страста меѓу нив и понатаму гори.

Од самиот почеток на нивната врска се претпоставуваше дека токму Џесика била причината за распадот на бракот на Дејвид со поранешната сопруга Кети Лоуб, со која има син Елвис и ќерка Енџи. Тогаш беше прогласена за негова љубовница.

Многумина забележаа дека диџејот процути откако започна љубовна врска со 24 години помладата Џесика. Откако најде нова, помлада девојка, Дејвид сосема го промени имиџот. Ја потстрижа долгата коса, почна да крева тегови и значајно накачи на мускулна маса.

И додека неговата љубовница напорно работеше на него, правејќи фраер од него и очекувајќи брак, Дејвид ѝ даде „ветувачки прстен“ со објаснувањето дека не верува во брак.

 

И покрај разните озборувања, се чини дека тие не можат еден без друг, па го користат секој момент да бидат заедно.

Кога првпат се оженил, неговата сегашна девојка имала 2 години: Ова е жената што ја оставил поради фаталната Кубанка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.